Трагедија во Хрватска: При деминирање загинаа пиротехничар и пиротехничарка


(Илустрација, принтскрин Јутјуб)

 

Во градот Чанак во Лика во четвртокот попладне се случи трагедија во која загинаа двајца пиротехничари, јавија хрватските медиуми.

Еден од пиротехничарите починал на лице место, а другиот на пат кон болница со возило на Брза помош.

„Точно е, загинаа пиротехничар и пиротехничарка, а деталите ќе ги дознаеме по истрагата. Деминирањето се одвива таму со години“, изјавија од Хрватскиот центар за деминирање, пренесува 24 часа.

Претходно, полициското одделение Лика-Сењ добило дојава дека во местото Чанак, населба Врлет-Скокови, при деминирање на минско поле се случила несреќа на мина, извести полицијата. Несреќата се случила околу 13 часот.