Традиционална пивтијада за Водици во Гази Баба


Утре 19.01.2024 година (петок) со почеток во 13:00 часот, а по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици во организација на општина Гази Баба на плоштадот во Автокоманда по 14-ти пат ќе се оддржи традиционалната културна манифестација „Пивтијада 2024”.

Манифестацијата има културен, натпреварувачки и хуманитарен карактер.

Во културниот дел на манифестацијата учество ќе земат македонските музички ѕвезди Јордан Митев, Бојана Скендеровски, Огнен Здравковски и Даниела Темелковска.