Товарен брод удри во танкер закотвен во Истанбул

Товарниот брод „Орита“ удри во танкерот „Миа“, кој беше закотвен во Истанбул, по што од оштетениот резервоар на танкерот во морето беше испуштена нечиста вода.
Реморкери се испратени на местото на судирот, кој се случил во текот на вчерашниот ден, јавуваат турските медиуми.
Танкерот со нафта е долг 270 метри, додека товарниот брод е долг 130 метри.