Тошковски од Кочани: Таванот во дискотеката во Кочани бил од лесно запаллива материја (видео)

Искри од пиротехниката користена за светлосни ефекти на концертот на ДНК во дискотеката „Пулс“ во Кочани го зафатиле покривот кој бил од лесно запаллива материја, соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска на прес-конференција.
„Околу 2.35, добиена е информација дека во дискотеката „Пулс“ избувнал пожар додека се одржувал концерт на групата ДНК. Веднаш од страна на дежурната служба од полициската станица ги информирале пожарникарите и итната медицинска помош кои за кусо стигнале и почнале со пружање прва помош и евакуација на присутните. Според првичните информации, пожарот настанал од искри од пиротехнички средства коишто биле употребени за светлосен ефект за концеротот. Во моментот на активирање на т.н прскалки најверојатно искрите го зафателе таванскиот дел, кој бил од леснозапаллива материја, по што за многу краток временски период пожарот се проширил низ целата дискотека и се создал густ чад“, рече Тошковски.
Изјава на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски пред ПС Кочани за пожарот во дискотеката во Кочани.