„Топ ган“ во првата недела собори рекорди во заработката


 

Филмот „Топ ган: Маверик“ на „Парамаунт пикчрс“ веќе во текот на премиерниот викенд од прикажувањето во нешто повеќе од 4.500 кина во САД инкасираше рекордни 134 милиони долари.

До крајот на четвородневната празнична пауза во САД, според проценките на компанијата за мерење „Комскор“, се очекува блокбастерот да заработи 151 милион долари.

Акциониот филм “Топ ган: Маверик“ на тој начин за холивудксиот ветеран Том Круз, кој ја повтори својата култна улога од филмот „Топ ган“ од 1986 година, стана филм кој остварил најголем успех на благајните во неговата досегашна кариера.

Досега долгоочекуваното продолжение на благајните ги надмина прогнозите кои предвидуваа дека филмот ќе зарапоти 130 милиони долари до крајот на вториот викенд.

И оригиналниот „Топ ган“, своевремено доминираше на благајните кога пред повеќе од три децении, на врвот на карерата на Круз, достигна заработка од 8,1 милиони долари.

Филмот е во режија на Џозеф Косински, а ја следи приказната за легендарниот капетан Пит „Маверик“ Мичел, кој неволно се враќа во програмата во елитната програма на морнарицата „Топ ган“, како инструктур кој ќе ги научи новите питмоци како да преживеат опасна мисија.

Во продолжението, исто така глуми Вал Килемр, како Адам Томас „Ајсмен“ Казански, како и новите Џенифер Комнели, Џон Хам, Чарлс Парнел, Моника Барбао, Луис Пулман, Џејс Елис, Глен Пауел и Мајлс Телер.