„Топ Ган- Маверик“ доаѓа во Скопје : Филмскиот хит со Том Круз го воодушеви светот
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2022/05/top-gan-2-scaled.webp)
Минаа 36 години откако Том Круз ги стави своите пилотски очила, се качи на воениот авион и се вивна на топ-листите на Холивуд. Сега конечно доаѓа продолжението на веќе легендарниот „Топ Ган“, со поднаслов „Маверик“.
По светската премиера на Канскиот филмски фестивал, и британската премиера во Лондон, „Топ Ган- Маверик“ доаѓа во Скопје, од 25 мај, во Синеплекс.
Првото продолжение на Топ Ган брзо стана дел од популарната култура. Саундтракот „Take My Breath Away“ и денес е класика на филмската музика, а продажбата на бомбер-јакни и пилотски очила, кои ги прослави Том Круз, по неговата премиера порасна за 40 отсто.
Дополнителна популарност околу филмот крена и Леди Гага, која ја отпеа насловната песна на филмот Hold my hand, кој стана голем хит уште пред премиерата.
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2022/05/том-круз-2-1-683x1024.jpg)
Во новиот филм, Маверик (Том Круз) се враќа во елитната американска школа за борбено оружје „Топ ган“ за да ја обучи најновата група самоуверени млади пилоти и пилотки. Меѓу нив е и Петел, синот на Гас, кој беше убиен во првиот дел од 1986 година.
– Чувство за романса, за авантура – сѐ тоа е свет во кој сакате да бидете. И, очигледно секогаш има што да се направи со авијацијата, рече Круз (59).
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2022/05/top-gan-4-850x1024.jpg)
Во филмот се враќа и Вал Килмер, а меѓу новите лица се Ед Харис, Џенифер Конели, Мајлс Телер, Џон Хам, Жан Луиза Кели, Глен Пауел, Моника Барбаро и други.