„Тоалет“ кај фонтаната „Лотос“ во градскиот парк


Во денешните утрински часови, уметникот Озбек Ајваз кај фонтаната ,,Лотос” во гратскиот парк во Скопје, го претстави неговото последно дело во соработка со архитектката Натали Велеска, кое е дел од проектот за проблемот со јавните вециња во градот.
 
Со последната акција, тие скааат да прикажат едно предлог решение, па за тоа претставуваат една макета -констрикција со испринтаниот тоалет во паркот. Тоалетот би бил изведен од метална контрукција, обложен со дрвени панели, неговите димензии би биле минимални 150 X 250 X 250 сантиметри, за да биде поекономичен за масивно производство и за понатамошно одржување. Исто така овој тоалет би имал можност да се постават и соларни панели на кровот, и исто така да има извор на природна вентилација и светло. Екстериерот на тоалетот би имал зелени ѕидови (вертикално поставени растенија), кои би служеле како разубавување на градот и истите би се наводнувале преку поставениот дождовник од кровот на тоалетот.
 
Од страната на макетата има прикажано мапа на Градот Скопје, со означени локации каде би биле идеалните места во градот каде што се најнеопходни највеќе тоалети за главниот град и општините.