Тиркизниот килим на Евросонг во Торино: Андреа најсигурна во црно (галерија)

Италија– На тиркизен килим долг 200 метри пред Venaria Reale, еден од симболите на богатата кралска историја на Торино, продефилираа денес 40-те изведувачи кои учествуваат на Изборот за песна на Евровизија 2022 година .
Во 1675 година, Венарија Реале, позната по својата прекрасна архитектура и раскошни градини, била една од резиденциите на Кралската куќа на Савој. Додадена е на листата на светско наследство на УНЕСКО во 1997 година.

По парадата, уметниците и нивните придружни делегации беа внесени внатре во величествената Galleria Grande of the Reggia, каде што беа пречекани од градоначалникот на Торино Стефано Лорусо, од извршниот надзорник на Евровизија Мартин Остердал и од извршната продуцентка Симона Марторели и Клаудио Фасуло.

Домаќини на настанот беа Габриеле Корси, Марио Акампа и Каролина Ди Доменико.

Евросонг се одржува од 10-14 мај. Македонија се натпреварува во втората полуфинална вечер.
Во првата полуфинална вечер на 10 мај ќе настапат претставниците на Албанија, Бугарија, Грција, Латвија, Швајцарија, Словенија, Молдавија, Украина, Литванија, Холандија, Норвешка, Португалија, Данска, Еврменија, Австрија и Исланд. ЕБУ ѝ забрани на Русија да учествува на Евросонг заради инвазијата врз Украина.
МРТ ќе врши директен пренос од сите три вечери.
Фото: ЕБУ