Тиркизниот килим на 67. Евросонг во Ливерпул без Македонија (фото)
Утревечер, на првото полуфинале, на 9 мај, настапуваат Србија и Хрватска , Словенија во второто полуфинале на 11 мај
Ливерпул – Под мотото „Обединети со музиката“ вчера во Ливерпул се одржа свеченото отворање на Евровизија 2023, а претставниците на сите 37 земји учеснички прошетаа на тиркизниот килим.

Дотерани, насмеани и подготвени за забава, претставниците на земјите учеснички со водителите разговараа за Евровизија и ги споделија своите впечатоци од градот домаќин.

Македонија, годинава, нема свој претставник. МРТ ќе врши директен пренос од сите три вечери на 9, 11 и 13 мај, од 21 часот.









Во првото полуфинале се натпреваруваат вкупно 15 земји, од ексЈу Хрватска и Србија. Полуфиналето ќе го отвори еден од фаворитите на годинешното натпреварување – Норвешка, а ќе заврши со уште еден голем фаворит – Финска.

Второто полуфинале ќе го отвори Данска, а ќе заврши со Австралија. Од ексЈу настапува Словенија.

Ќе се квалификуваат десетте најдобри земји од секое полуфинале, кои ќе се сретнат со големата петорка, како и со минатогодишниот победник Украина во големото финале во сабота на 13 мај.
Цените на билетите кои се пуштени во продажба започнуваат од 30 британски фунти (33,7 евра), а најскапите чинат 380 фунти (427,3 евра), пренесува Sky News.

Рита Ора ќе отпее некои од нејзините најголеми хитови за време на паузата од полуфиналната вечер на Евровизија во мај.
Гостинка на музичкото натпреварување ќе биде и британската пејачка и текстописец Ребека Фергусон, која е родена во Ливерпул, каде што се одржува натпреварот.