„Тинекс“ донираше заштитни скафандери за Кардиологија


Дури 555 заштитни скафандери донираше „Тинекс“ за Ковид центарот при ЈЗУ на Универзитетската Клиника за Кардиологија – Скопје.

– Континуирана е грижата на TINEX за нашите здравствени работници и јавните медицински установи кои се во првите редови во борбата со корoна вирусот, велат од компанијата. 

Во Ковид Центарот при ЈЗУ на Универзитетската Клиника за Кардиологија – Скопје, дониравме 555 заштитни скафандери за медицинските работници. Донацијата е во вредност од 100.000 денари.

– Нивното здравје и заштита нѝ се многу важни затоа што тие несебично се грижат за што поуспешно лекување на болните од корона – додаваат од компанијата.