Тимовите задолжени за „Скопје европска престолнина на културата 2028“ работат интензивно, уверува Ѓорѓиевски
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска, одговарајќи на советничко прашање, нагласи дека тимовите задолжени околу организацијата на „Скопје европска престолнина на културата 2028“ работат интензивно со подготовките.

-Дополнително, интензивно тимовите кои се задолжени таму работат околу координацијата и подготовките. Ни следи процес во кој ќе има и ребрендирање на започнување на нашиот главен град, на кафуљињата на градот. Практично започнување на целиот процес, но конкретно со дела. Мене ми е драго што нашите партнери од Европската Унија сериозно ни помагаат во овој процес. Сериозно ни помагаат и претставници на градови од Европа кои имале такво искуство години наназад, рече Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски потенцира дека тој проект достоинствено ќе биде спроведен како што заслужуваат нашите граѓани.
– Сметам дека телото е на добар пат. Добро организирани се. Има експерти и стручни лица кои работат деноноќно макотрпно во целиот процес и верувам дека ќе биде спроведен целиот процес онака достоинствено како што заслужува нашиот град и нашите граѓани. Тоа е проект кој што е многу важен за Скопје и за скопјани, но е важен и за лицето на Република Македонија. Сметам дека придобивките на крајот на денот ќе бидат за нашите сограѓани од одржувањето на сите тие манифестации, рече тој.
Кој е во Координативното тело за Скопје европска престолнина на културата 2028?
Градоначалникот информира дека на 15 април ќе се одржи официјална средба на градоначалниците на Нова Горца, Горица и Скопје, ќе се организираат посебни обуки во склоп „Скопје – град престолнина на културата 2028 година“. Истиот ден, во 18 часот во Музејот на Град Скопје ќе се одржи заедничка изложба три града.