„Тиквеш“ со нов меѓународен успех: три златни и два сребрени медали на Vranac Selection by Concours Mondial de Bruxelles 2026
Вината на винаријата „Тиквеш“ освоија три златни и две сребрени медали на престижниот меѓународен вински натпревар Vranac Selection by Concours Mondial de Bruxelles 2026, уште еднаш потврдувајќи го нивниот висок квалитет и препознатлив карактер.
Златни медали освоија вината Barovo Red 2022, Bela Voda Red 2022 и Luda Mara Vranec 2023, додека со сребрени медали беа наградени Babuna Red 2023 и Luda Mara Red Cuvée 2023.
Vranac Selection by Concours Mondial de Bruxelles е еден од најреномираните меѓународни вински натпревари посветени на сортата вранец, на кој вината ги оценува стручно жири составено од реномирани вински експерти, сомелиери и вински новинари од повеќе земји.
Овие признанија доаѓаат по неодамнешните големи успеси на „Тиквеш“ на меѓународните вински натпревари, каде винаријата освои повеќе златни и сребрени медали и ја доби престижната титула „Best Producer – North Macedonia“ на Mundus Vini Spring Tasting 2026. Оваа почесна титула им се доделува на производители на вино кои во текот на 25-годишната историја на Mundus Vini покажале исклучителна конзистентност, врвен квалитет и извонредни резултати, позиционирајќи се меѓу најуспешните и најнаградуваните учесници во историјата на овој реномиран натпревар, со што дополнително се потврдува позицијата на „Тиквеш“ како водечка и најнаградувана винарија во Северна Македонија и еден од најпрепознатливите вински брендови од регионот на меѓународната винска сцена.
Со ваквите резултати, „Тиквеш“ продолжува успешно да ја афирмира македонската винска традиција и потенцијалот на сортата вранец на глобалната винска сцена, потврдувајќи дека македонските вина сè почесто се меѓу наградуваните и високо оценети вина на престижните меѓународни натпревари.
