Тијана Петреска од Скопје е најфотогенична студентка на светот
На светскиот избор за најубава студентка, кој неодамна се одржа во Сеул, Јужна Кореја, нашата Тијана Петреска, 22 години, од Скопје, ја освои титулата Miss Photogenic, како најфотогенична од сите девојки, а ги имаше 70 вкупно од исто толку држави од целиот свет.

Победничка, односно WORLD MISS UNIVERSITY е претставничката на Костарика, првата придружничка е од Канада, а втората придружничка од Нов Зеланд.

Тијана е членка на Модното студио Црнокрак, кое од оваа година ја поседува лиценцата за сите држави од бивша Југославија за овој голем светски избор за убавина, кој се одржа по 31-ви пат, во хотелот Swiss Grand во главниот град на Јужна Кореја, Сеул.
