„Тесла“ почнува масовно производство на најбрзиот автомобил во светот
Производителот на електрични автомобили „Тесла“ го почнува производството на „Модел С плејд“ на 3 јуни. Како што објави шефот на компанијата, Илон Маск, на својот Твитер-блог, ова ќе биде најбрзиот автомобил во масовно производство во светот.
„Модел С плејд“ ќе се произведува во фабриката во Калифорнија (САД). Електромобилот, според наводите, постигнува брзина од 97 км/ч за помалку од две секунди.
Електричниот седан е ажурирана верзија на „Модел С“. Во првото тримесечје од оваа година не беше произведен ниту еден автомобил од овој модел, а во третото од 2020 година компанијата произведе 15.275 возила.