„Тесла“ на поранешен црномурест работник треба да му плати 130 милиони долари
Американски сојузен судија ѝ нареди на компаијата „Тесла“ да исплати повеќе од 130 милиони долари отштета на поранешен црномурест работник, откако било откриено дека бил изложен на ресно непријателска работна средина, јави „Вол стрит џурнал“.
Судијата вели дека компанијата не презела разумни чекори со цел работникот Овен Дијаз расно да не се злоставува. Дијаз бил вработен како оператор на дигалка во фабриката на „Тесла“ – „Фримонт“ од 2015 до 2016 година.
Во порака до вработните, која „Тесла“ ја објави на својата страница, производителот на автомобили вели дека судењето се однесува на расни навреди кои се случиле во погонот на фабриката и расистички графити во тоалетите. Исто така, речено е дека три пати Дијаз се жалел на матлтретирање, а од „Тесла“ препорачале да се преземат мерки.
„Тесла“: Презедовме некои мерки
„Додека силно веруваме дека овие фактине ја оправдуваат казната која ја изрече поротата во Сан Франциско, признаваме дека 2015 и 2016 година не бе совршени“, велат од компанијаат „Тесла“.
Пред да почне судењето, судијата Вилијам Орик ги отфрли обидите на „Тесла“ да отстранат еден поротник велејќи дека тој обид бил расно втемелен и намерно дискриминаторен.
Од „Тесла“ велат дека вовеле промени од времето кога Дијаз работел во фабриката во „Фримонт“, вклучувајќи тимови посветени на истражување на поплаките од вработените и и грижа, вработените да имаат еднакви можности во компанијата.
Минатата година производителот на автомобили откри во својот прв извештај за расна разноликост дека Афроамериканците се застапени со четири отсто на водечките позиции во „Тесла,“ а дека од сите вработени, црномурести се 10 отсто.