Тешка несреќа на влезот во Грција од Македонија – автомобил преврте автобус, четворица загинаа
Во страотната несреќа автомобил удри директно во автобус кој превезуваше српски туристи. Четворицата загинати се од автомобилот
Четири лица загинаа, а десетици се повредени во сообраќајната несреќа што рано утрово се случи во северниот дел на Грција, во близина на границата со Македонија, при судир на туристички автобус од Србија со две возила. Поради сообраќајната незгода патот од 6.30 часот утрово е затворен за сообраќај.
Тој вели дека голем број патници на нишката агенција „Ski&sun travel“ се повредени и дека се префрлени во болниците во Солун и Поликастро. Претседателот на ЈУТА додава дека има луѓе со скршени раце и нозе, но засега нема информации за жртви меѓу српските туристи.
Портпаролот на противпожарната бригада, Јанис Артопојос изјави дека од еден од двата автомобили биле извадени трите загинати лица. Од истиот автомобил е извадено и четврто тешко повредено лице кое подоцна почина во болница. Од вториот автомобил се извлечени две повредени лица. Вториот автомобил го управувала Србинка со дете, пишува грчкиот портал „Екатимерини“.
Грчкиот весник „Катимерини“ јавува за околу 20 повредени лица во туристичкиот автобус, додека претходно дел од грчките и српските медиуми објавија дека се повредени 40 луѓе.
Во автобусот имало 78 патници, српски туристи кои заминале на одмор во Аспровалта, во регионот на Солун.
Според возачот на автобусот, автомобилот со четворица патници се движел во спротивен правец кога наеднаш удрил во автобусот. Автобусот се превртел и паднал во канал покрај патот. Автомобилот со четворицата патници е целосно уништен.
Оваа сообраќајна несреќа се случила на самиот влез, односно на излезот од Грција, во близина на граничниот премин Евзони, на дел од патот кој не е автопат.
Во тој дел, кој многу возачи го сметаат за многу небезбеден, средината на патот често се користи за заобиколување во двете насоки, а побавните возила се движат во лентата за застанување за да направат место за оние кои брзаат, пишува „Н1“.
Еден од очевидците на несреќата, Македонец, кој утрото се враќал дома, изјави дека на местото на несреќата пристигнал набргу откако се случила несреќата.
„Беше страшно, се уште сум во шок. Едно возило беше среде патот, целосно згмечено, а од него над хаубата висеа две тела, најверојатно возачот и сопатникот. Патниците не можеа да излезат од српскиот автобус додека не дојде брзата помош. Беа покрај патот“, изјави тој за Телеграф.рс.