Тепачите на Христијан Пендиков осудени на осум месеци затвор
Судот заклучи дека тепањето од етничка омраза не било докажано

Напаѓачите на кои го претепаа охриѓанецот Христијан Пендиков добија казна затвор од осум месеци, но судот не заклучи дека тоа хо направиле поради етничка омраза. Пресудата за Илија Спасески и Борче Ангелов беше донесена во Основниот суд во Охрид, но мотивот „омраза“ судот го смета за недокажан, соопшти по денешното рочиште за случајот адвокатот на Пендиков, Стефан Камишевски.
Пресудата беше донесена нешто повеќе од две години откако беше закажано првото рочиште за случајот со тепањето, што се случи во вечерните часови на 19 јануари 2023 година пред ресторан во Охрид.
Секретарот на тогашното здружение „Цар Борис Трети“, бил нападнат и претепан, а со два напукнати пршлени, скршена вилица, испукани ребра и три скршени заби, од кои два се веќе извадени. Потоа беше однесен на лекување на Воената медицинска академија во Софија.
Според сведочењето на Пендиков по инцидентот во Охрид, кое беше земено веднаш по тепањето и кое беше прочитано во судницата на едно од првите рочишта за случајот, Спасески влегол во објектот каде што бил Пендиков и го удрил по глава со зборовите: „Не ти е срам да се нарекуваш Бугарин“.
На снимката од безбедносните камери, која беше претставена во судот на едно од рочиштата, се гледа како Пендиков го тепаат и клоцаат двајца мажи. Првично за делото беше обвинет само Илија Спасески од Охрид, а подоцна и Борче Ангелов од Битола. И двајцата се изјаснија за невини.
Во текот на судењето беа испрашувани сведоци и на обвинителството и на одбраната, а рочиштата беа постојано одложувани.
Деталните причини за пресудата што ја изрече судијата Бојан Мартиновски од охридскиот суд ќе станат јасни кога писмено ќе им биде презентирана на двете страни во случајот, по што секоја од нив – и обвинителството и одбраната – имаат право на жалба во рок од 14 дена.