Текила – првиот паметен туристички град
Градот Текила, во мексиканската држава Халиско стана прва паметна туристичка дестинација во латинска Америка.
Проектот на паметен туризам е осмислен да ги препознава дестинациите кои имаат најсовремена технолошка инфраструктура и гарантира одржлив развој.
Текила, така стана една од 232 членови, препозната поради нејзиниот знаковен јазик, како и поради рампите за инвалидски колички во целиот град. Она што го издвои овој град во трката за паметна дестинација е и тоа што во овој град се користат соларни панели.
Покрај тоа, градот нуди бесплатна апликација која содржи инфромации за продавници, туристички производи и услуги за посетителите.
Во целиот град има и бесплатен WiFI, а системот генерира информации за сообраќајот, како и комерцијалните активности.