Тејлор Свифт во Њу Џерси цела во дијаманти, како нејзината кариера


 

САД– Тејлор Свифт (не) ги изненади обожавателите на видеомузичките „Ем-ти-ви“ награди за 2022 во „Пруденшал центар“ во Њуарк, Њу Џерси, САД.

Мегаѕвездата ги зеде одличјата за најдобар видеоспот и долг видеоспот, за „All Too Well“ изгледајќи како целата нејзина дискографија: со дијамантски тираж.

Суперѕвездата на поп музиката го донесе сјајот на црвениот тепих на доделувањето на наградите во неделата вечерта, во тоалетата без ракави на Оскар де ла Рента со врвки од како накит со дијаманти обвиткани околу целото нејзино тело. Во таков стил беа и сандалите на Лубутан, адијамантскиот накит со потпис на Лорин Шварц. Нејзината шминка исто така имаше ситни дијаманти под веѓата.

Пејачката  на „All Too Well“ го надополни изгледот со спуштена коса во ниска пунџа и, се разбира, со нејзината препознатлива смела црвена усна.