Таткото на Вања: Пропуст на полицијата е што не го барала возилото „ситроен“ на Панче

Таткото на Вања, обвинетиот Александар Ѓорчевски, кого обвинителите го гонат дека помогнал со информации на Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, одговараше на прашањата поврзани со денот на грабнувањето на Вања.
Прашанзошто не излегол од автомобилот која отишле на локацијата каде што бил последно сигналот на Вања, обвинетиот Ѓорчевски вели дека кога се сретнал со чичко ѝ на Зорица, и со групата на полицајци во цивил, пребарувале во околните гаражи.
– Не сум го напуштил веднаш местото. Позади мене седи еден од тие луѓе, ако смее нека потврди. Не сум го напуштил веднаш местото. На Митре не сум му кажал дека ќе одам во болница – рече Александар Ѓ.
Тврди дека сопругата Зорица знаела за неговот движење „знаеше за моето движење, јас знаев за нејзиното движење, телефони постојано фрчеа, јас се јавував кај Зорица она кај мене, а дедо Митре рече дека ќе продолжи до потрагата со регионот во кој се наоѓа“.
Тој не сфаќа зотшо требало да ја праша Зорица каде е помалата ќерка Миња, кога Вања била приоритет.
Повторно раскажуваше зошто тргнал накај граничниот премин Блаце, а се откажал затоа што имало метеж „решив да свртам полукружно и да се упатам кон Ѓорче Петров, вие како обвинител може да дадете наредба до безбеден град, да се види моето движење пред и после една недела од настанот. Оваа информација ви е од мене. Јас на првиот исказ кај вас ви побарав детектор за лаги. Ми рековте дека не е дозволено употреба на таков уред, кој децидно ќе докаже дали ја зборувам вистината или не. Од мене ви е таа информација, а до бранителот веднаш реагирав во судницата, му посочив за која снимка се работи и каде се сум се движел, и му посочив за кој момент се работи, он ве прашал, и вие сте му рекле дека само тие пет секунди сте ги добиле. И уште една снимка како од кај мостот на Треска влегувам во Скопје“.
Обвинителството го праша како не му дошло природно да се врати од местото каде што се сите и ја бараат Вања, „значи ли тоа дека однапред знаевте дека нема никакви шанси да ја најдете Вања?“
Обвинетиот Ѓорчевски одговори дека се надевал дека ќе ја најде Вања по пат, дека некој што ја украл ќе ја пушти, „разговарав по телефон со пријатели кои можат да помогнат, пресудна беше пораката во Вибер групата да се гледаат камери и одлучив веднаш се вратам во Центар и заедно со родителите почнавме да бараме камери“.
Обвинителство: Велите дека во дадената одбрана на 07.04 дека сте имале и сценарио дека Вања е киднапирана?
Обвинетиот Ѓорчевски: Да.
Обвинителство: Нели е чудно зошто да имате сценарио дека Вања би била киднапирана?
Обвинетиот Ѓорчевски: И јас се прашувам зошто, и тогаш сите се прашувавме, но моментот на исклучување на нејзиниот телефон, скршнување на патот кон улилиште, наведуваа на тоа дека не е по своја волја отидена. Тоа со Зорица го констатиравме во 7 часот и 47 минути, и Зорица ги замоли колешките да објават по социјалните мрежи.
Обвинителство: Кажавте дека еден од инспекторите, ви рекол дека, само вие велите дека Вања е киднапирана?
Обвинетиот Ѓорчевски: Точно е дека тој тоа го кажал, но апсолутно не е точно дека само јас сум го кажал дека Вања е киднапирана. Не видовме ништо конректно од истрагата на полицијата за пронаоѓање на Вања.. Уште на самиот почеток почувствував дека се сомневаат во мене.
Ѓорчевски раскажа за сведокот, Гоце Трајковски, за кој рече дека го знае 23 години од неговото венчавање од кога му бил кум. Потоа одговараше и на прашањето околу поврзувањето на работите и откривањето на возилата.
Раскажа дека во моментот кога се појавил Гоце воошпто немал поим какви контакти има во полиција и какви пријатели кои можат да помогнат.
– За лицето од ‘Сејф сити’ и некои други во истрагата која ја работевме јас и Гоце бевме замолени да не ги откриваме индентитот за да не си ја загубат работата. Не знам колку скрин шота испративме во Сејф сити, меѓу кои беше и тоа возило, кое навистина испушташе поголем час, се движеше со помала брзина, имаше одблесок на хаубата како да е замрзнато, времето се совпаѓаше со времето на исчезнување на Вања, која пеш не би можела да стигне до таму, се сомневавме и на едно бело комбе, а испративме повеќе снимки од возила – додаде таткото.
Обвинителство: Ако полициските службеници, ги обезбедуваат снимките, како вашиот пријател кој работи во ‘Сејф сити’ не ги исвестил неговите претпоставени туку прво ве известува вас, а не можете да го откриете неговиот идентитет, а притоа се работи за вашето дете?
Обвинетиот Ѓорчевски: Ако биле внесени регистарските таблички во системот на ‘Сејф сити’ денес во судницата ќе се расправаше само за убиството на велешанецот Панче. Претпоставувам дека немале наредба да го бараат возилото. Toa е пропуст на полицијата. Контактот навистина не знам кој е, немам разговарано со него, тој не смееше да ни дава снимки од ‘Сејф сити’, така би ги прекршил правилата и би соочил со казна, меѓутоа ние смеевме него да му праќаме снимки.
Обвинителство: За првото возило кое ви станало сомнително, сте го известиле и началникот Дејан Димовски кој кажа дека сте му пратиле фотографии на ‘Вибер’ дека од сите возила кои се забележуваат на камерите само тоа возило ‘цитроен’ ви е сомнително бидејќи било тазе запалено, така?
Обвинетиот Ѓорчевски: Не беше таков редоследот на настаните. И не се сеќавам дека јас му пратив снимка, мислам дека Гоце му прати и тоа беше во деновите кога јавно на социјалнните мрежи имаше објавува за исчезнување на татко (од семејството на убиениот Панче Жежовски) заедно со возилото. А господинот Дејан Димовски не приметив дека ниту во еден момент мене ме обвинува дека има докази за мене и против мене и само дека имале сомнежи.
Обвинителство: Кога сведокот Дејан Димовски ви одговори за возилото кое било пратено, дека тоа е запаленото возило, вие сте одговориле дека мислеле на тазе стартувано возило?
Обвинетиот Ѓорчевски: Дејан Димовски не ме информираше дека е запалено возилото, дознавме од социјалните мрежи дека е запално возилото. И јас му немам пратено на ‘Вибер’ дека возилото е запалено. Го немам информирано. Дури и како што разбрав од Гоце, они дознале два дена потоа, по службена должност, дека е запелено возилото.
Обвинителство: Значи од нигде никаде само вам ви стана сомнително возилото ‘цитроен’, каде што не се гледа Вања?
Обвинетиот Ѓорчевски: Од снимките не се гледа колку лица има во возилото, не ми беше само тоа возило сомнително. Но кога ми беше посочено од ‘Сјефт сити’, го гледав на три камери. Се движеше сомнително, како се движи како да добива инструкции од некого.
Распитот е во тек.