Татко во Хрватска си ги уби трите деца, не успеа да се самоубие

Татко во Хрватска оставил проштално писмо, па си ги убил двата сина блзинаци на возраст од седум години, и помлаиот четиригодипен син. Потоа се обидел да се самоубие, но е спасен и префрлен во болница. Му се заканува затвор од 50 години.
Таткото убиец на трите деца во Загреб, наводно оставил проштална порака во која го објаснува мотивиот за грозоморниот чин, пренесуваат хрватските медиуми. Мотив за грозоморното убиство на трите малолетни деца, наводно , биле несогласувањата меѓу поранешната сопруга и неговата нова девојка, објави Jutarnji.hr.
Во новите детали убиството, се наведува дека таткото 56-годишен австриски државјанин со постојан престој во Хрватска, имал фирма регистрирана во Хрватска, а се занимавал со финансиски консалтинг.
Во статус објавен на Фејсбук околу полноќ, тој најавил дека може да направи нешто страшно. Во статусот меѓу другото напишал „Збогум на сите…“ и како мотив за својот чин ги навел лошите односи меѓу поранешната сопруга и неговата сегашна партнерка. Тој исто така навел и дека во последнва година и пол се обидувал да се врати на работа, а ги споменувал и „браќата од масонската ложа“ кои не сакале да му помогнат.
Таткото на децата, инаку, е од Виена и според хрватските медиуми, тој има сопствена консултатска фирма.
Како што јавуваат медиумите, според хрватските закони, за убиство може да добие 40 години затвор, но со оглед дека се работи за три убиства и тоа малолетни деца, нему му се закануваат дури 50 години затвор.
По убиствата, тој се обидел да се отруе, но не му успеало. Полицијата го нашла и го пренела во болница.
Тој бил разведен од сопругата, а децата кај него биле за викенд.