Таравари: Во болниците хоспитализирани 118 настрадани од пожарот во Кочани


Фото: Б. Грданоски

Во болниците во земјава се хоспитализирани 118 лица кои настрадаа во огнената стихија во кочанската дискотека, изјави министерот за здравство Арбен Таравар. Тој не сакаше да шпекулира колку од нив се во животна опасност.

Таравари рече дека повредените се згрижени во Клиничкиот центар, ГОБ „8 Септември, старата Градска болница во Скопје, како и во Клиничката болница во Штип и болницата во Кочани. 

„Тоа што е најбитно, нема пациент кој што не е тријажиран и што не е сместен низ болниците во државата“, рече Таравари.

Тој рече дека засега има доволно крвни деривати за настраданите. 

Одговарајќи на новинарски прашања, Таравари рече дека предвидената реконструкција на КАРИЛ не е започната и засега нема да се спроведе, додека е потребна помош на настраданите.