Таравари со интелектуалци ја прави претседателската програма


Кандидатот за претседател на албанската опозиција, Арбен Таравари, денеска се сретна со интелектуалци и експерти од различни области со кои разговараше за неговата програма за кампањата, соопштија од коалицијата „Вреди“.

На средбата се разговарало за претседателската платформа на Таравари, како и за приоритетите во неа. Во соопштението посебно се наведува дека присуствува Руфи османи и уште десетици универзитетски професори. Тие дале конкретни предлози дадоа и поддршка за претседателската платформа на Арбен Таравари. Платформата е изградена околу четири главни столба и ќе биде објавена во наредните денови.