Тамара по разводот има нова љубов- еве кој ѝ го украде срцето
Летово се појавија гласини дека Тамара Тодевска има ново момче, а поп-ѕвездата неодамна ова го потврди.

По разводот од Александар Димитровски – Мачка со кого дели две деца, на Тамара срцето и го украде Лука Радовиќ, архитект и дизајнер од Скопје, кому пејачката му ја посвети песната „Кис оф лајф“ од Шаде преку Инстаграм стори, па може да се заклучи дека тој за неа претставува „ангел“, како што се вели во песната.
Тамара ги споделува заедничките мигови со Лука на социјалните мрежи, а неодамна двајцата се качија на Водно, каде Тодевска објави слатка фотографија од бакнеж.

Тамара летово ја објави својата нова песна „Торнадо“. Текстот е дело на српската пејачка и кантавторка Ана Радоњиќ / Зое Кида, додека за музиката и аранжманот беа задолжени Тамара и нејзиниот долгогодишен соработник и пријател, Лазар Цветкоски.
Спотот за песната го работеше продукцијата “Division”, а истиот, во текот на јуни се снимаше на неколку локации низ Скопје.
„Торнадо“ е вториот сингл на Тамара годинава, во кој има повеќе боја, побрз ритам и позитивна енергија, соодветни за топлите летни денови.
Тодевска изминатиот период имаше повеќе концерти низ Македонија, а со свои медиумски гостувања и настапи беше активна и во земјите од регионот, како и на неколку предевровизиски настани.