Тајните списи на Њутн на продажба: Го барал Судниот ден
Исак Њутн се смета за првиот модерен научник, но го интересирале и малку поинакви работи – пирамидите и судниот ден.
Светски познатиот физичар, чии закони на движење и гравитацијата подоцна ќе доминираат со нашето разбирање на физичката вселена низ вековите, прв ја разбил светлината и покажал дека е составена од спектар од бои.
Покрај тоа, поголемиот дел од својот живот се занимавал со алтернативни теми „од онаа страна на науката“, а посебно бил заинтересиран за апокалипсата од јудеохристијанската митологија.
Некои од неговите белешки за крајот на светот, нагорени поради огнот што го предизвикало неговото куче кога ја превртело свеќата, се продаваат на аукција. Веќе се понудени повеќе од 375.000 американски долари, пренесе порталот „Нет“.
Белешките детално го опишуваат Њутновото интересирање за пирамидите од Гиза, како и за египетската мерна единица „кралски лакт“. Верувал дека ако му успее да ја квалификува оваа мерна единица, тоа може да помогне во прочистувањето на сопствените теории за гравитацијата и „отклучување“ на тајните на геометријата која ќе му овозможи да го предвиди крајот на светот.
„Се обидувал да пронајде доказ за својата теорија за гравитација, но покрај тоа се сметало дека древните Египќани чувале тајни на алхемијата кои во меѓувреме се изгубени“, вели специјалистото за ракопис на аукциската куќа „Сотби“, Габриел Хитон, за Би-би-си.
Секако, во времето додека го пишувал текстот кој е на аукција, многу од тие идеи се сметале дека се еретички и не можело да бидат објавени, поради што се делеле само приватно.
Isaac Newton Thought the Great Pyramid Held the Key to the Apocalypse https://t.co/qnU7f68l2H
— [email protected] (@EllisNickiy) December 12, 2020