Општина Охрид ќе казнува за туристички разгледи без лиценциран туристички водич


Во екот на главната туристичка сезона, Туристичката инспекција во рамки на Одделението за инспекциски надзор при општина Охрид има зголемен обем на работа и покрај редовната контрола на туристичките објекти, редовно се контролираат и туристичките водичи кои водат организирани групи гости. – Во последниот период, како дел од теренските активности, во повеќе наврати туристичките инспектори …

Општина Охрид ќе казнува за туристички разгледи без лиценциран туристички водич Read More »

Седмо издание на Фестивалот на нов европски филм во Охрид


 Во Охрид денеска започнува седмото издание на Фестивалот на нов европски филм – BEACH FILM FESTIVAL ОХРИД 2024 што ќе трае до 21 јули. Како што информираат организаторите, овогодинешното издание нуди богата програма со филмски проекции, едукативни работилници и музички перформанси на четири локации во Охрид, и тоа Плажа Славија, Брод Армада, Плажа Сараиште и …

Седмо издание на Фестивалот на нов европски филм во Охрид Read More »

Езерската полиција спаси две малолетни лица кои со кајак се превртеа во Охридско Езеро


Утрово, во 9.30 часот во Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ пријавено е дека во водите на Охридското Езеро, на плажата „Бафало бич“, се превртел кајак, сопственост на кајак клуб од Охрид во кој имало две малолетни лица.  По добиената пријава, полициски службеници од Езерската полиција со пловен објект се упатија на посоченото место …

Езерската полиција спаси две малолетни лица кои со кајак се превртеа во Охридско Езеро Read More »

Млади архитекти презентираа решенија за хотелот „Палас“ во Охрид да се стави во функција


Хотелот „Палас“ во Охрид изграден во далечната 1958 година, дело на реномираниот словенечки архитект Едо Михевц, беше предизвикот за кој дискутираа учесниците на 11. Меѓународна летна школа за архитектура и дизајн. На собирот одржан токму во Охрид, организиран од Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот „Американ Колеџ“ од Скопје, со поддршка на Министерството за …

Млади архитекти презентираа решенија за хотелот „Палас“ во Охрид да се стави во функција Read More »

На сила забраната за изведување градежни активности во центарот на Охрид


Согласно одлуките на локалната власт во Охрид од денеска стапува на сила забраната за изведување градежни работи во централното градско подрачје во текот на туристичката сезона. Забраната ќе биде на сила до 31 август. – Забраната се однесува на просторот јужно од булеварот „Туристичка“ на потегот од „Билјанини извори“ до реката Даљан и на туристичките …

На сила забраната за изведување градежни активности во центарот на Охрид Read More »

Холандски турист со скршена нога спасуван кај Елшани


Регионалниот ЦУК Охрид, известува дека Планинарска спасителна служба од 13.40 до 15 часот вчера, имала спасителна акција на територија на Општина Охрид. Извршено е извлекување на повредено лице од околината на с.Елшани, холандски турист, кое имало скршеница на нога и е предадено на екипа од Итната медицинска помош од Охрид. Лицето е пренесено во болницата …

Холандски турист со скршена нога спасуван кај Елшани Read More »

Најмногу дожд во Охрид, 38 литри на метар квадратен


Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Охрид, 38 литри на метар квадратен, соопшти Управата за хидрометеоролшки работи. Според мерењата утрово во 8:30 часот, 27 литри на метар квадратен наврнало во Маврови Анови, 23 во Крушево, 17 во Лазарополе, 16 во Штип и Пожаране, 15 во Виница, 14 во Попова Шапка, 13 во Битола …

Најмногу дожд во Охрид, 38 литри на метар квадратен Read More »

Уништена шума стара 70 години. Мијалкови ќе градат луксузен хотел во Охрид над Горица 3


  Во Охрид, над Горица 3 започнува градба на хотел, а за таа цел е унишена стара шума над 70 години која ја засадиле жители на Охрид при тогашни акции за пошумување. Со реакција се јавија и од Иницијативата „О2“ од каде прашуваат кој и зошто го продал државното богатство кое во минатото макотрпно се …

Уништена шума стара 70 години. Мијалкови ќе градат луксузен хотел во Охрид над Горица 3 Read More »

Охрид ќе се збратимува со Варна, изјави градоначалникот на бугарскиот приморски град


Бугарскиот приморски град Варна добил барање од Охрид за збратимување, соопштил градоначалникот на Општина Варна, Благомир Коцев, на регионалната конференција „Европа на Балканот: Заедничка иднина“ што се одржува токму во Варна. Коцев изјавил дека тоа претставува исклучителна можност за зближување не само на двата града, туку и на двете држави. Градоначалникот на Варна, како што …

Охрид ќе се збратимува со Варна, изјави градоначалникот на бугарскиот приморски град Read More »

Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба за вакцинации и две нови амбулантни возила


Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот Дом во Охрид и Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“–Охрид. -Во изминатиот период, Здравствениот дом значително ги унапреди условите со реновирање на просториите во Службата за вакцинации, како и зголемување …

Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба за вакцинации и две нови амбулантни возила Read More »

Починала жената која беше турната од тераса во Охрид


Почина жената која беше турната од трет кат на зграда на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид. Настанот се случи на 8 март, а три дена подоцна СВР Охрид поднесе кривични пријави против две лица, јави порталот Охрид 1. СВР Охрид поднесе кривична пријава против 32-годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено …

Починала жената која беше турната од тераса во Охрид Read More »

Пожар во куќа во населбата Кошишта во Охрид


Пожар рано изутринава избувна во станбена куќа во охридската населба „Кошишта“. За пожарот во 00:35 часот била информирана Територијалната противпожарна единица од Охрид, од каде веднаш кон улицата „Андон Дуков“ биле испратени четири противпожарни возила и седуммина пожарникари. Благодарение на навремената интервенција спречено е проширување на пламенот од опожарената куќа на останатите објекти во близина. …

Пожар во куќа во населбата Кошишта во Охрид Read More »

Кривична против охриѓанец поради обид за убиство, турнал жена од тераса


СВР Охрид поднесе кривична пријава против 32-годишниот А.Д. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ како и против 21-годишниот Е.М. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“, извести СВР Охрид. „На 08.03.2024 околу 11.30 часот, првопријавениот, во стан на улицата „ Карпош Војвода“ …

Кривична против охриѓанец поради обид за убиство, турнал жена од тераса Read More »

Петровска: Продолжува санацијата на сидриштето пред Центарот за обука на вода во Охрид


Санирањето на сидриштето за пловила пред Центарот за обука на вода на АРМ во Охрид ќе продолжи, откако за тоа се добиени сите позитивни мислења од надлежните институции дека зафатот нема негативно влијание врз животната средина, изјави министерката за одбрана, Славјанка Петровска. Петровска која денеска беше во Охрид, пред медиумите појасни дека сидриштето што се …

Петровска: Продолжува санацијата на сидриштето пред Центарот за обука на вода во Охрид Read More »

Оперски арии со маестро Федерико Сера како осмомартовски подарок за дамите во Охрид


Со арии на Џузепе Верди, во изведба на италијанскиот тенор Федерико Сера во пијано придружба на Антонио Кампоногара, „Охридско лето“ синоќа им го честита 8 Март, Денот на жената на припадничките на понежниот пол во Охрид. Концертот одржан во катедралната црква „Света Софија“ е дел од заложбите на менаџментот на „Охридско лето“ да понуди културни …

Оперски арии со маестро Федерико Сера како осмомартовски подарок за дамите во Охрид Read More »

Охриѓанка падна од трет кат, уапсени двајца


Денеска во 11.10 часот, во СВР Охрид е пријавено дека од трет кат на зграда на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид, паднала жена која потоа со возило на Итната медицинска помош е пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, извести СВР Охрид. „Во врска со настанот, во 11.45 часот, на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, лишени …

Охриѓанка падна од трет кат, уапсени двајца Read More »

Лажни дојави за бомби во фабрика и основно училиште во Охрид


Лажни дојави на бомби имало утрово во неколку деловни објекти во индустриската зона во Охрид и во едно училиште, потврди  за МИА портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Според него, вработените од индустриската зона, лоцирана во близина на градските гробишта, биле евакуирани, но за кратко вратени во работниот процес. – Во координација со јавен обивнител, …

Лажни дојави за бомби во фабрика и основно училиште во Охрид Read More »

Три деца вчера, во Охрид, биле прегазени, поминале со повреди


Во две одделни сообраќајни несреќи се прегазени вкупно тројца малолетници во Охрид, кои за среќа, поминале само со телесни повреди.  -Во средата, во 15 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„7 Ноември“во Охрид, патничко возило „југо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од В.Р.(55) од Охрид, удрило во двајца малолетни пешаци. Во несреќата со …

Три деца вчера, во Охрид, биле прегазени, поминале со повреди Read More »

Станари од охридската населба „Бејбунар“ најавија тужба до Општината поради неуредена инфраструктура


Граѓани на Охрид, жители на објектите што гравитираат на улицата „АСНОМ“, преку допис лиферуван до медиумите најавуваат дека судски ќе бараат остварување на нивните станарски права, односно уредување на соодветна инфраструктура во населбата за која имаат подмирено комуналии. Тие посочуваат дека повеќе од десет години живеат во субстандардни услови со неасфалитрана улица, за што предупредуваат …

Станари од охридската населба „Бејбунар“ најавија тужба до Општината поради неуредена инфраструктура Read More »

Поради дефект на главен цевковод од синоќа без вода делови на централното подрачје на Охрид


Од синоќа поради настанат поголем дефект на водоводната мрежа во прекин е водоснабдувањето на поголем дел од централното градско подрачје на градот Охрид. Станува збор за проблем предизвикан поради пукање на цевка од главен цевковод со профил 300 милиметри кај кружниот тек на булеварот „Туристичка“ кај пресекот со улица „АСНОМ“, во близина на Спортскиот центар …

Поради дефект на главен цевковод од синоќа без вода делови на централното подрачје на Охрид Read More »