Охрид ќе се збратимува со Варна, изјави градоначалникот на бугарскиот приморски град


Бугарскиот приморски град Варна добил барање од Охрид за збратимување, соопштил градоначалникот на Општина Варна, Благомир Коцев, на регионалната конференција „Европа на Балканот: Заедничка иднина“ што се одржува токму во Варна.

Коцев изјавил дека тоа претставува исклучителна можност за зближување не само на двата града, туку и на двете држави.

Градоначалникот на Варна, како што објави БТА, уште посочил дека ги поздравува напорите на сите балкански земји кои го следат примерот на Бугарија на нивниот пат кон идното членство во Европската Унија.

– Варна е пример за тоа како балканските градови можат успешно да се развиваат. Потенцијалната соработка како онаа со Охрид, која верувам дека ќе се случи, би ни дала можност да покажеме како европските фондови можат да придонесат за развојот на балканскиот регион, рекол Коцев, објави бугарската БТА.