Белгија затвора дел од засолништата за мигранти
Белгиската Влада објави дека одлучила да затвори една третина од местата во прифатните центри за мигрантите, односно од речиси 24.000, ќе се укинат седум илјади. Белгискиот државен секретар за азил и миграција Тео Франкен истакна дека мерката е неопходна од буџетска гледна точка. Затворањето ќе влијае врз центрите од отворен тип, каде мигрантите одат доброволно. …