Педесет и осум години од изградбата на Берлинскиот ѕид


Германија – Во Берлин денеска се одбележува 58-годишнината од изградбата на Берлинскиот ѕид, кој во текот на Студената војна го делеше градот на два дела, во поделената комунистичка Источна Германија и Западна Германија. Sидот, долг 160 километри и висок 3,6 метри, станал највпечатлив симбол на Студената војна и на Железната завеса. Тој ги разделувал Источна и …

Педесет и осум години од изградбата на Берлинскиот ѕид Read More »

Германија целосно ќе забрани употреба на пластични кеси


Германија – Германија планира закон со кој ќе се забрани употребата на пластични кеси, бидејќи договорите со малопродажните синџири за намалување на употребата не дадоа добри резултати. Тоа го изјави министерката за екологија Свена Шулце. -Моето министерство ќе поведе постапка за целосна забрана на пластичните кеси, рече Шулце, која не прецизира временска рамка за спроведување на …

Германија целосно ќе забрани употреба на пластични кеси Read More »

Германија: Татко го фрлил детето од мост на автопат, потоа се самоубил


Германија – Полицијата во централниот дел на Германија соопшти дека еден маж од мост на автопат го фрлил и убил својот девет годишен син, а потоа извршил самоубиство. Како што се наведува во соопштението на полицијата во Хесе, мајката на момчето дознала за неговата смрт кога на социјалните мрежи го видела прошталното писмо кое го објавил …

Германија: Татко го фрлил детето од мост на автопат, потоа се самоубил Read More »

Германија ќе го исполни барањето на НАТО да троши два отсто од БДП за одбрана до 2024


Германија– Новата министерка за одбрана на Германија и наследничка на канцеларката Ангела Меркел на чело на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) Анегрет Крамп-Каренбауер, позната и како АКК, увери дека земјата ќе го исполни барањето на НАТО да троши по два проценти од БДП за одбрана до 2024 година, пишува „Њу Јуроп“ (New Europe) чие седиште е во …

Германија ќе го исполни барањето на НАТО да троши два отсто од БДП за одбрана до 2024 Read More »

Германија ја отвора ширум вратата за ИТ работници од Балканот


Германија – Поради голем дефицит на работна сила, Германија усвои закон кој на работниците од земјите што не се членки на ЕУ значително ќе им олесни добивање работа, особено за ИТ стручњаците. Најголемата европска економија се соочува со вистински недостиг на работници. Се проценува дека моментно на Германија и неостасуваат над 1.200 000 средно и високо …

Германија ја отвора ширум вратата за ИТ работници од Балканот Read More »

Во германската Влада нема дилеми околу ЕУ перспективите на Северна Македонија


Во Берлин веќе нема дилеми околу напредокот на Северна Македонија кон ЕУ. Се поизвесно е дека Албанија, поради политичката криза, ќе отпадне од пакетот, пишува германската новинска агенција ДПА. Како што објави денеска Дојче веле на македонски јазик, и покрај критиките од конзервативната ЦДУ, германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас и натаму се залага за …

Во германската Влада нема дилеми околу ЕУ перспективите на Северна Македонија Read More »

Германија страда од недостиг од суровини поради контаминирана нафта


Германија – Поради проблемот со загаденоста со хлориди на руската нафта од нафтоводот „Дружба“, германскиот пазар почнува да страда од недостаток на суровини. Некои нафтени компании се веќе на раб на банкрот. Нема извештаи за недостигот на нафта на германскиот пазар. Руската страна се обврза целосно да го реши проблемот до почетокот на јуни. Сепак, фактите покажуваат …

Германија страда од недостиг од суровини поради контаминирана нафта Read More »

Дрон го блокира Меѓународниот аеродром во Франкфурт


Германија – Меѓународниот аеродром во Франкфурт еден час запре со работа поради дрон, соопшти германската полиција. Портпаролот на аеродромот соопшти дека аеродромот бил блокиран од седум часот и 20 минути до осум часот и 20 минути додека федералната полиција со хеликоптер го барала дронот и неговиот оператор. Полицијата продолжува да го истражува инцидентот.

Германија ќе воведува „министерство за осамени“


Германија размислува за воведување посебен оддел при Министерството за здравство, кој ќе се грижи за проблемите на осамените граѓани. – Досега малку внимание им се посветувало на болестите кои ги предизвикува осаменоста. Едно неодамнешно истражување покажува дека осаменоста често предизвикува психички болести, како што се депресија, анксиозност, но и болести на крвниот систем, изјави функционерот …

Германија ќе воведува „министерство за осамени“ Read More »

Заев: Им благодарам на Германија и Франција што го препознаа подвизите што ги презедовме


Им благодарам на нашите пријатели од Германија и Франција што ги препознаваат и посочуваат подвизите кои ги презедовме како врвен придонес кон балканската и европската стабилност, напиша на својот Фејсбук профил премиерот Зоран Заев, по неформалниот самит на Германија и Франција со западнобалканските држави во Берлин. – Нашата одговорност и посветеност не запира тука бидејќи …

Заев: Им благодарам на Германија и Франција што го препознаа подвизите што ги презедовме Read More »

Баерн се измачи, но победи


Со голот на Никлас Сул во 75 минута, Баерн Минхен го совлада Вердер од Бремен. „Баварците“ доминираа во текот на целиот меч, имаа и играч повеќе, но топката како да не сакаше да влезе во гостинскиот гол. Сепак, Сул донесе олеснување за избраниците на Нико Ковач. Со оваа победа, Баерн изби на првото место во …

Баерн се измачи, но победи Read More »

Германија: Евакуација поради дојави за поставени бомби


Во неколку градови ширум Германија, беа евакуирани градските собранија по дојави за поставени бомби, објави весникот „Билд“. Евакуирани се собранијата во Аугсбург, во Кајзерслаутерн, во Шемниц, во Гетинген, во Нојнкирхен и во Рендсбург. Германскиот весник наведува дека заканите биле испратени директно до адресите на градските собранија, а таа информација беше потврдена од страна на истражителите …

Германија: Евакуација поради дојави за поставени бомби Read More »

По американската и германската амбасада ги осуди изјавите на Мицкоски


Германската амбасада, како и американската вчера, ги осуди изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со кои стави паралела меѓу Нирнбершките процеси  и судењата на Митко Чавков и другите инволвирани во настаните од 27 април. За амбасадата тие споредби се неприфатливи и со нив се минимизираат делата на наци-злосторниците. -Споредбата на постапките на правосудните служби …

По американската и германската амбасада ги осуди изјавите на Мицкоски Read More »

(Видео) Откажани летови во Германија поради бура, загина еден човек


Бура со оркански ветар ја погоди Германија во неделата, што доведе до откажување и одлагање на авионски летови, особено на западот од земјата. Полицијата соопшти дека 47-годишен возач загинал кога на неговиот автомобил паднало дрво во Бествиг, на околу 100 километри североисточно од Келн, пренесе АП. Железничката компанија „Дојче бан“ соопшти дека го сопрела регионалниот …

(Видео) Откажани летови во Германија поради бура, загина еден човек Read More »

Орканска бура во Германија, железничкиот сообраќај во прекин


Поради бура со оркански ветер во западниот дел на Германија, железничката компанија „Дојчебан“ го прекина регионалниот сообраќај, како и сообраќањето на возовите на долгите дестинации. Компанијата соопшти дека возовите се запрени во станиците во Северна Рајна Вестфалија поради тоа што неколку линии се блокирани откако паднало дрво на шините. Метеоролошката служба издаде предупредување за делови …

Орканска бура во Германија, железничкиот сообраќај во прекин Read More »

Почина поранешниот шеф на германската дипломатија Клаус Кинкел


Германскиот политичар Клаус Кинкел, кој во време на војните на територијата на поранешна Југославија беше министер за надворешни работи на Германија, почина на 82-годишна возраст. Кинкел долги години беше претседател на партијата на германските либерали ФДП, која на Твитер ја објави веста за неговата смрт, нагласувајќи дека станува збор за „праведен и скромен човек со …

Почина поранешниот шеф на германската дипломатија Клаус Кинкел Read More »

Пет лица настрадаа во пожар во Германија, од кои четири деца


Пет лица, од кои четири деца, настрадаа во пожар кој зафати една куќа во Нирнберг, Германија, соопшти противпожарната служба. Оттаму информираат дека околу 3 часот добиле повик, а кога пристигнале на самото место, целиот долен кат од семејната куќа бил во пламен. Во пожарот настрадала 34-годишна жена, бебе и деца на возраст од четири, пет …

Пет лица настрадаа во пожар во Германија, од кои четири деца Read More »

Рација во Германија, на мета осомничени екстремисти


Во централните и западните делови на Германија полицијата изврши претрес во16 куќи на осомничени исламски екстремисти. Обвинителката на Франкфурт, Надја Нисен изјави дека властите дејствуваат врз основа на сомневање дека екстремистите планирале напад. Таа рече дека не може да соопшти детали бидејќи рацијата се уште трае.

Германија му наложи на Фејсбук да го намали собирањето на лични податоци


На компанијата Фејсбук и е наложено да го намали бројот на лични податоци кои ги собира од своите корисници во Германија. Антимонополската комисија на Германија, имено, се спротивстави на начинот на кој Фејсбук собира податоци за своите корисници и преку апликациите кои се во негова сопственост, Вацап и Инстаграм. – Во иднина на Фејсбук веќе …

Германија му наложи на Фејсбук да го намали собирањето на лични податоци Read More »

Германија најави зголемување на буџетот за одбрана


Германија му ветила на НАТО дека до 2024 година ќе ги зголеми средствата од буџетот наменети за одбраната на ниво од над 1,5 проценти од бруто домашниот производ, јави ДПА повикувајќи се на извори во седиштето на Алијансата во Брисел. Според истите извори, германската најава за зголемување на средствата за потребите на Армијата, била содржана …

Германија најави зголемување на буџетот за одбрана Read More »