Германија му наложи на Фејсбук да го намали собирањето на лични податоци


На компанијата Фејсбук и е наложено да го намали бројот на лични податоци кои ги собира од своите корисници во Германија.

Антимонополската комисија на Германија, имено, се спротивстави на начинот на кој Фејсбук собира податоци за своите корисници и преку апликациите кои се во негова сопственост, Вацап и Инстаграм.

– Во иднина на Фејсбук веќе нема да му биде дозволено да ги принудува своите корисници на речиси неограничено собирање податоци, изјави шефот на Комисијата, Андреас Мунт.

Фејсбук соопшти дека ќе се жали на таквата одлука на Антимонополската комисија на Германија.

Во Германија месечно има 32 милиона Фејсбук корисници.