Заев и Касами разговарале за реформскиот пакет


Заврши средбата во Владата меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на БЕСА Билал Касами. Од Владата за МИА изјавиле дека на средбата се разговарало за поддршка на реформскиот пакет закони во Собранието на Македонија. Средбата, според информациите, била закажана пред празниците, односно пред да почне да се разгорува конфликтот меѓу двете струи во опозициската Беса.

Повторно активирани мерките против аерозагадувањето во град Скопје


Владата на Република Македонија, почнувајќи од денеска ги активира мерките за ублажување на последиците од аерозагадувањето во градот Скопје. Од владината прес-служба информираат дека мерките се активираат по добиените информации дека квалитетот на воздухот последователно два дена е надминат над дозволеното, односно над 200μg/m3 на мерните станици во Град Скопје односно мерните станици Лисиче и …

Повторно активирани мерките против аерозагадувањето во град Скопје Read More »

Влада на РМ: Не се разговара за потенцијално име


Не се разговара за потенцијално име. Се гради довербата меѓу двете влади, нов момент на пријателство, рече денеска на прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски во врска со разговорите меѓу Скопје и Атина за решавање на прашањето за името. Одговорајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата. Бошњаковски потенцира дека целта е прашањето да биде …

Влада на РМ: Не се разговара за потенцијално име Read More »

Османи: Партиски и национален консензус најголем предизвик за реформите


Постигнување партиски и национален консензус е најголемиот предизвик, со кој во моментов се соочува Владата во однос на реформите содржани во Планот 3-6-9, изјави денеска вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, по неформалната средба со бугарскиот амбасадор Иван Петков. На новинарско прашање како течат реформите содржани во Планот, Османи истакна оти постои зацртана динамика …

Османи: Партиски и национален консензус најголем предизвик за реформите Read More »

Владина делегација положи цвеќе на гробот на Киро Глигоров


Владина делегација денеска положи цвеќе на гробот на поранешниот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, кој почина на денешен ден во 2012 година. Делегацијата, како што информираат од Влада, била предводена од министерот за култура Роберт Алаѓозовски, придружуван од министерката задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска и заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески. Киро …

Владина делегација положи цвеќе на гробот на Киро Глигоров Read More »

Заев си ги седна коалициските партнери во Влада


Претседателот на СДСМ Зоран Заев, сите коалициски партнери од коалицијата „За живот во Македонија“ ги седна во Влада на последниот работен ден од годинава. Ваквите средби вообичаено се прават за да се осигура лојалноста и посветеноста на коалиционите партнери и нивната подготвеност да ги поддржат владините политики. Според владиното соопштение кое е едно од најсиромашните …

Заев си ги седна коалициските партнери во Влада Read More »

Ѝ се наредија коцките на Македонија: 2017 – година на пресврти, 2018 – година на шанси


Годината што заминува за Македонија помина во знак на крупни промени на политички план кои, пак, ги подгреваат очекувањата дека и годината што доаѓа ќе донесе воочливи и, главно, позитивни пресврти, пред сѐ во делот на интеграцискиот процес на земјата. Во 2017 година не само што се случи смена на власта на централно ниво, по …

Ѝ се наредија коцките на Македонија: 2017 – година на пресврти, 2018 – година на шанси Read More »

Функционерите на Села поднесуваат оставки


Директорот на затворот „Идризово“ Керим Мамути, како што јавуваат медиумите, поднел оставка од функцијата, по одлуката на „Алијансата за Албанците“ да ја напушти владината коалиција. Вчера, оставки депонираа и заменик-министрите за надворешни работи, за транспорт и врски и за труд и социјална политика, Арта Точи, Ремзи Мемеди и Елми Азири, како и државниот секретар во …

Функционерите на Села поднесуваат оставки Read More »

Само две странски компании ќе „осиромашат“ со мерките на Владата


Со вкупна поддршка од 50 милиони евра за следната година ќе почне да се реализира планот за економски раст на Македонија. Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев ја промовираа финалната верзија на овој документ во кој се вградени сите забелешки и предлози од експертите и јавноста дадени на јавните дебати што се организираа во …

Само две странски компании ќе „осиромашат“ со мерките на Владата Read More »

Средба на Заев со Синдикатот на УПОЗ: Владата е ортворена за соработка за отворените прашања


Премиерот Зоран Заев придружуван од министерот за финансии Драган Тевдовски, министерот за правда Билен Саљији и од државната секретарка во Министерството за финансии Елена Трпковска, денеска имаше средба со претставници на УПОЗ, претседателот Пеце Груевски, генералниот секретар Трпе Деаноски, потпретседателката за правосудство при УПОЗ Верица Тасева и членот на Претседателството и претседател на инспекцискиот одбор, …

Средба на Заев со Синдикатот на УПОЗ: Владата е ортворена за соработка за отворените прашања Read More »

Државниот инспекторат за животна средина со зајакнати контроли на терен


Инспектори на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) денеска на терен вршат зајакнати контроли на правните субјекти што поседуваат А интегрирани еколошки дозволи (А ИСКЗ), соопшти попладнево ДИЖС. Овие активности се преземени како резултат на прагот на алармирање за надминување на вредноста од 200 микрограми на метар кубен во текот на два последователни денови на …

Државниот инспекторат за животна средина со зајакнати контроли на терен Read More »

Заев: Никој што работи чесно нема да биде избркан


Премиерот Зоран Заев вели дека Владата нема намера да отпушта работници и оти никој, кој чесно работи и си ја заработува платата нема да биде избркан, но, како што посочи сите треба редовно да доаѓаат на работа. Тој одговарајќи на новинарско прашање дали и зошто од работа во Владата се отпуштаат Роми кои претходно биле …

Заев: Никој што работи чесно нема да биде избркан Read More »

Промовирана финалната верзија на Планот за економски раст


Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев денеска ја претставија финалната верзија на Планот за економски раст што е усвоена од Владата и во која се вградени сите забелешки и предлози од експертите и јавноста дадени на јавните дебати што се организраа во изминатите три месеци. Планот, составен од низа на мерки за поддршка на …

Промовирана финалната верзија на Планот за економски раст Read More »

Владата го продолжува проектот „Купи куќа купи стан“


Владата најави дека ќе го продолжи проектот „Купи куќа купи стан“. На владина седница била разгледана и ја усвоена предлог- одлуката за времетрањето на јавниот повик и бројот на јавни повици за пријавување на граѓани за добивање субвенциониран станбен кредит во 2018 година. Со донесување на оваа долука, и во 2018 годна ќе им се овозможи на граѓаните по …

Владата го продолжува проектот „Купи куќа купи стан“ Read More »

Владата потврди дека ОТА ја менува УБК


Владата на Република Македонија на вечерашната седница одлучи да го достави до Собранието предлог законот за реформите во безбедносните и разузнавачки служби според приоритети во извештајот на европскиот експерт Рајнхарт Прибе. Со него се предвидува формирање на Оперативно – техничка агенција која добива екслузивитет да ги прислушува граѓаните преку мобилните оператори. Со Законот, како што …

Владата потврди дека ОТА ја менува УБК Read More »

Влада на РМ: Иванов упати пораки за натамошни делби


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов требаше прв да го препознае очекувањето на граѓаните, политичките елити и лидерите да се издигнат над партиските бои и да исчекорат од политичка доктрина на делби, кон јасни политики за обединување, место во својот говор да упати пораки за натамошни делби, реагираат од Владата на РМ на неговото денешно …

Влада на РМ: Иванов упати пораки за натамошни делби Read More »

Владата денеска ќе ја разгледува потребата за микрочипирање на домашни миленици


Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи својата редовна 45-та седница, на чиј дневен ред се повеќе точки од интерес на граѓаните, меѓу кои и барањето за субвенционирање на проектите бесплатни викенди за превоз во железничкиот сообраќај, што го предлага Македонски железници Транспорт АД – Скопје. На предлог на Агенцијата за храна и ветеринарство, …

Владата денеска ќе ја разгледува потребата за микрочипирање на домашни миленици Read More »

Ненајавена смена на заменикот за земјоделство


На предлог на премиерот Зоран Заев, парламентот го разреши денеска и досегашниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Власте Димковиќ, а на негово место е избран Благе Цветковиќ. Ова е единственото разрешување на член на владиниот кабинет во текот на денешната седница, со оглед на тоа што другите министерски и заменички места се пополнуваа поради …

Ненајавена смена на заменикот за земјоделство Read More »

Села ниту во Владата ниту надвор од неа


Иако во јавноста наголемо се разговара за евентуалното излегување на „Алијансата за Албанците“ од владата, Зијадин Села сепак не најавува повлекување и уште повеќе не се откажува од ресорот здравство бидејќи, според него, ѝ припаднал на неговата партија кога преговарале за формирање влада. Села за новинарите изјави дека немале ни намера на централниот комитет на …

Села ниту во Владата ниту надвор од неа Read More »

Влада: Исклучените од парно нема да плаќаат паушал


Домаќинствата кои се исклучени од централното греење во Скопје следната година ќе бидат ослободени од плаќање на паушалот, што во моментов го плаќаат, информира денеска Владата. Проблемот со кој се соочуваат граѓаните Владата предвиде да го реши во рамки на новиот предлог Закон за енергетика, се наведува во владиното соопштение. Во подзаконските акти на Законот …

Влада: Исклучените од парно нема да плаќаат паушал Read More »