Малолетници во Тетовско возеле „пежо“, удриле во ѕид


На 08.03.2024 во 20.30 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Долно Палчиште-Тетово патничко моторно возило „пежо“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од малолетник од с.Долно Палчиште, излетало надвор од патот и удрило во ѕид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и малолетен сопатник, а со телесни повреди се здобиле уште двајца …

Малолетници во Тетовско возеле „пежо“, удриле во ѕид Read More »

(Видео) Гори фабриката за бои и лакови „Еуроком“ во Тетовско – затворете ги прозорците!


  Гори фабриката за бои и лакови „Еуроком” во тетовско Фалише, а за негово гаснење повикани се гостиварски фирми со механизација да помогнат при расчистување на материјалите кои не се зафатени со пожарот. Огнот не може да се гаси со хеликоптер, затоа што има густа магла.    Од Центарот за управување со кризи препорачуваат: населението …

(Видео) Гори фабриката за бои и лакови „Еуроком“ во Тетовско – затворете ги прозорците! Read More »

Голем дел од Тетовско од 03:00 часот ноќеска без струја


ЕВН информира дека од ноќеска, од 03:00 часот, до 09:00 часот утрината, без струја ќе биде голем дел од Тетовскиот Регион. Електричната енергија ќе биде исклучена поради инвестициски зафат од страна на енергетската компанија МЕПСО. Во утринските часови без струја ќе бидат Боговиње, Сиричино, Камењане, Јеловјане, Џепчиште, Долно Палчиште, Брвеница, Горно Седларце, Горно Палчиште, Ѓермо, …

Голем дел од Тетовско од 03:00 часот ноќеска без струја Read More »

Во тетовско Камењане почна со работа фабрика за производство на бакарни жици и цевки


  Со пригодна свеченост беше означен почетокот на работа на фабрика за производство на чист бакар, бакарни жици и бакарни цевки во тетовско Камењане, на која присуствуваа претставници на Владата, општините и други институции. Компанијата „Мултипарк Изаири“ е во сопственост на браќата Нухи и Неби Изаири од селото Камењане кои ја изградиле фабриката по повеќе …

Во тетовско Камењане почна со работа фабрика за производство на бакарни жици и цевки Read More »

Починатиот малолетник бил од Ново село, Општина Желино


Малолетникот на возраст од 16 години, кој беше најден починат утрово околу 7 часот бил од Ново Село, Општина Желино, информираше СВР Тетово.  Неговиот татко вчера околу 16 часот пријавил дека се оддалечил од дома. -Денеска во 07:10 часот во водите на река Пена, на патот кон место викано „Бањиче“ во Тетово, полициски службеници од СВР …

Починатиот малолетник бил од Ново село, Општина Желино Read More »

Најдено безживотно тело на 16-годишник во река Пена кај Бањиче


Утрово е најдено безживотно тело на 16 годишно лице во реката Пена кај месноста Бањиче. По пријавувањето во полиција, почнат е увид од претставници на СВР Тетово и Обвинителството. – Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово изврши увид во местото викано Бањиче, каде во реката беше пронајдено безживотното тело на починатото 16-годишно лице. …

Најдено безживотно тело на 16-годишник во река Пена кај Бањиче Read More »

Приведени две лица во акциска контрола во Тетовско за приредување игри на среќа без дозвола


Полициски службеници на СВР Тетово, синоќа околу 22.30 часот ги лишиле од слобода Д.С.(32) од тетовско Јанчиште и З.С.(38) од тетовско Подбреѓе, осомничени дека сториле кривично дело „приредување игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган“, казниво по член 156 од Законот за игри на среќа и забавни игри. Во акциска контрола реализирана …

Приведени две лица во акциска контрола во Тетовско за приредување игри на среќа без дозвола Read More »

Двајца малолетници од Тетовско украле „ситроен“


Во Тетово вчера во 9.30 часот на улица „Илинденска“ полициски службеници од СВР Тетово, во присуство на родителите и службено лице од Центарот за социјални работи Тетово, лишиле од слобода двајца малолетници од Тетово и од тетовско Копанце. Двете лица, информираа денеска од МВР, половина час пред тоа на булевар „Благоја Тоска“ во Тетово, одзеле …

Двајца малолетници од Тетовско украле „ситроен“ Read More »

Серија земјотреси ноќеска во Тетовско


Три земјотреси со јачина од 2,2 до 2,7 степени по Рихтер вчера беа регистирирани во Македонија, а според податоците на ЕМСЦ, епицентарот на земјотресот е помеѓу Тетово и Гостивар. Земјотресите се со ниска магнитуда и ги почувствувале само граѓаните кои живеат во повисоките згради. Граѓаните велат дека е вообичаено после невреме да се тресе тлото. …

Серија земјотреси ноќеска во Тетовско Read More »

Затекнати лица без сертификати и малолетник во угостителски објекти


При контрола во две казина на тетовското подрачје ноќеска биле затекнати пет лица без сертификати за примена вакцина против КОВИД, еден малолетник и едно лице кај кого бил пронајден и одземен нож. Како што соопшти МВР, контролата била спроведена ноќеска помеѓу 22:00 и 03:00 часот од полициски службеници на СВР Тетово и инспектори од Државниот …

Затекнати лица без сертификати и малолетник во угостителски објекти Read More »

Тројца повредени при сообраќајка во Тетовско


Во неделата, во 9.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово – с.Јажинце, кај с.Непроштено, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ш.С.(43) од с.Нераште и патничко возило „бмв“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(40) од с.Доброште. Во несреќата со тешки телесни …

Тројца повредени при сообраќајка во Тетовско Read More »

Загина 43-годишен работник, паднал од далновод


Вработен во електродистрибутивната компанија ЕВН загинал денеска околу 9 часот и 30 минути откако паднал од далновод во близина на тетовското село Џепчиште. -Во СВР Тетово околу 9.30 часот вработен во ЕВН пријавил дека неговиот колега Д.С (43) вршејќи интервенција односно отстранување на дефект на далновод паднал и починал. Повикана е итна медицинска помош која …

Загина 43-годишен работник, паднал од далновод Read More »

Арсен најден во почвата во Тетовско


Речиси два и пол пати повеќе арсен од дозволеното бил пронајден при испитувањата на почвата на една нива во близина на фабриката „Југохром“ во Јегуновце во ноември минатата година. Слични резултати биле добиени и при испитувањата спроведени во истиот временски период на земјата од дворот на основното училиште „Кирил и Методиј“ во Тетово што се …

Арсен најден во почвата во Тетовско Read More »