По речиси еден месец, утрово отворен граничниот премин меѓу Косово и Србија кај Јариње


Граничниот премин меѓу Косово и Србија во Јариње е целосно отворен за сообраќај утрово, речиси еден месец откако беше затворен, јави дописникот на МИА од Приштина. Заменик-директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани изјави за медиумите дека овој граничен премин е целосно отворен за влез и излез од Косово претпладнево во 08:30 часот. …

По речиси еден месец, утрово отворен граничниот премин меѓу Косово и Србија кај Јариње Read More »

Полициски рации на три локации во северно Косово во врска со случајот Бањска


Косовската полиција изврши денеска рации на три различни локации на северот на Косово, кои се поврзани со случајот Бањска, односно со вооружениот напад врз косовската полиција на 24 септември во северно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Веста во изјава за медиумите ја потврди заменик директорот на полицијата за северниот регион, Ветон Елшани, кој …

Полициски рации на три локации во северно Косово во врска со случајот Бањска Read More »

Контингент на дополнителни сили на НАТО пристигна во Косово


Првиот контингент од 200 британски војници денеска пристигнаа во Косово како засилување на мировната мисија на Силите на НАТО во Косово (КФОР), соопшти вечерва Алијансата. Во соопштението се наведува дека распоредувањето на дополнителните сили на КФОР доаѓа по нападот врз припадници на косовската полиција на 24 септември и зголемените тензии во регионот. Како што јави …

Контингент на дополнителни сили на НАТО пристигна во Косово Read More »

Османи како министер на Косово – изнел личен, а не владин став за „Отворен Балкан“


  Мој личен став, а не владин е изјавата за преиспитување на учеството на Македонија во иницијативата „Отворен Балкан“ доколку се докаже дека Србија на било каков начин е вклучена во нападот во Северно Косово, изјавил за Канал 5 министерот за надворешни, Бујар Османи. Во краток писмен одговор шефот на дипломатијата потенцира дека за ова …

Османи како министер на Косово – изнел личен, а не владин став за „Отворен Балкан“ Read More »

Косовска министерка бара ЕУ да воведе санкции за Србија: Ако не – може да избие војна!


Министерката за надворешни работи на Косово, Доника Гервала-Шварц, во разговор за германските медиуми предупреди на можноста од нова војна на Балканот. „Доколку меѓународната заедница продолжи да ги толерира акциите на Србија, ќе има нова војна“, изјави Доника Гервала-Шварц во интервју за јавниот сервис Deutschlandfunk и побара од меѓународната заедница да преземе мерки против Србија. „Вучиќ …

Косовска министерка бара ЕУ да воведе санкции за Србија: Ако не – може да избие војна! Read More »

Велика Британија испраќа околу 200 дополнителни војници во Косово


Велика Британија ќе испрати околу 200 дополнителни војници во КФОР по зголемувањето на тензиите во северниот дел на Косово, соопшти денеска британската Влада. По барањето на врховниот командант на сојузниците за Европа и одобрението од Северноатлантскиот совет, Велика Британија во наредните денови ќе распореди околу 200 војници од првиот баталјон на кралскиот полк на принцезата …

Велика Британија испраќа околу 200 дополнителни војници во Косово Read More »

Вучиќ за ФТ: Војската нема да влезе во Косово, ќе ги повлечеме силите од тоа подрачје


Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема намера да и нареди на армијата да ги премине границата со Косово и дека ќе ги повлече српските сили од тоа подрачје.  Според него, ескалацијата на конфликтот би била контрапродуктивна кога станува збор за желбата на Србија да стане членка на Европската унија. „Зошто ова би било од …

Вучиќ за ФТ: Војската нема да влезе во Косово, ќе ги повлечеме силите од тоа подрачје Read More »

Во Приштина заврши обдукцијата на телата на тројцата убиени Срби, телата предадени на семејствата


Во Институтот за судска медицина во Приштина денеска е завршена обдукцијата на телата на тројцата убиени Срби за време на вооружениот конфликт на 24 септември во Бањска кај Звечане, по што семејствата на загинатите денеска ги презедоа нивните тела, јави дописникот на МИА од Приштина. Еден од правните застапници на семејствата на убиените Срби при …

Во Приштина заврши обдукцијата на телата на тројцата убиени Срби, телата предадени на семејствата Read More »

Хелсиншки Србија: Вучиќ од порано го најави нападот во Бањска, целта му беше поделба на Косово


Претседателката на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Србија, Соња Бисерко вели дека целта на нападот од страна на српска вооружена група врз косовската полиција во Бањска, кај Звечане, во северно Косово, во неделата, на 24 септември, била поделба на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Во интервју за црногорскиот медиум „ЦдМ“ (Cafe del …

Хелсиншки Србија: Вучиќ од порано го најави нападот во Бањска, целта му беше поделба на Косово Read More »

Москва не гледа можност за стабилизирање на ситуацијата во Косово


  Русија не гледа можност за долгорочно стабилизирање на ситуацијата во Косово, поради поттикнувачката политика на САД и Европската унија, изјави рускиот заменик – министер за надворешни работи Александар Грушко. „Нема изгледи за долгорочна стабилизација. Косовскиот лидер Курти, кој одржува тензии на теренот и ги протерува Србите, смета дека неговите шефови, Вашингтон и Брисел, дополнително …

Москва не гледа можност за стабилизирање на ситуацијата во Косово Read More »

Српска листа прогласи тридневна жалост за тројцата Срби убиени во северно Косово


 Најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, прогласи тридневна жалост за смртта на тројцата Срби, кои беа убиени во Бањска, по нападот врз косовската полиција во неделата, јави дописникот на МИА од Приштина. Преку објава на својата страница на Фејсбук, партијата го нарече настанот трагичен. Според соопштението, „во српските средини на територијата на Косово ќе …

Српска листа прогласи тридневна жалост за тројцата Срби убиени во северно Косово Read More »

Ден на жалост во Косово по убиството на полицаец на северот на државата


Претседателката на Косово, Вјоса Османи го прогласи понеделник, 25 септември, за ден на жалост во државата, во чест на полицискиот старешина Африм Буњаку, кој вчера беше убиен во напад на вооружена група на северот од државата, јави дописникот на МИА од Приштина. Во синоќешното соопштение од кабинетот на Османи се наведува дека „државниот протокол ќе …

Ден на жалост во Косово по убиството на полицаец на северот на државата Read More »

Напнато во Kосово: 30 вооружени луѓе забaрикадирани во манастирот во Бањска


  Околу 30 вооружени мажи се сокриле во манастир и се опколени од полицијата во северно Косово, во областа каде што рано утринава беше убиен полицаец, како што соопшти косовскиот премиер Албин Курти. „Има најмалку 30 професионални вооружени војници или полицајци кои во моментов се опколени од нашите полициски сили и ги повикувам да се …

Напнато во Kосово: 30 вооружени луѓе забaрикадирани во манастирот во Бањска Read More »

Фрлени бомби врз три куќи на српски политичари во Косово


Директорот на српската Канцеларија за Косово, Петар Петковиќ, изјави дека во текот на ноќта во Поморавље биле фрлени три бомби врз куќи на претставниците и лидерите на Српската листа со цел да ги заплашат и принудат да ги напуштат своите домови. Петковиќ обвини дека целта е етничко чистење на Србите, кое Курти, како што вели, …

Фрлени бомби врз три куќи на српски политичари во Косово Read More »

Во Косово уапсен Србин осомничен за убиство на 16 цивили во Истог во војната во 1999 година


 Специјалното обвинителство на Република Косово (ПСРК) денеска до Основниот суд во Приштина поднесе обвинителен акт против поранешен припадник на Државната безбедност на Србија, осомничен за воени злосторства над цивилното население во 1998 година, јави дописникот на МИА од Приштина. Во сооштението на Обвинителството се вели дека се обезбедени доволно докази дека лицето Е.К. учествувало во …

Во Косово уапсен Србин осомничен за убиство на 16 цивили во Истог во војната во 1999 година Read More »

ОЈО ќе побара податоци за пациентите од Косово кои се лекувале со цитостатици во Македонија


Тим од јавни обвинители и истражители од Основното јавно обвинителство Скопје преземаат дејствија за испитување на наводите кои првично упатуваат на основи за сомнение за сторени кривични дела против здравјето на луѓето и проневера во службата на Клиниката за радиотерапија и онкологија. Со цел испитување на ваквите наводи, до овој момент од Клиниката е обезбеден …

ОЈО ќе побара податоци за пациентите од Косово кои се лекувале со цитостатици во Македонија Read More »

Косово го забранува користењето на некои најлонски кесиња, другите ќе се плаќаат


Министерот за животна средина, просторно планирање и инфраструктура на Косово, Либурн Алиу соопшти денеска дека е финализирано Административното упатство, според кое се забранува користењето на некои видови пластични кесиња во продавниците, а другите ќе се плаќаат, јави дописникот на МИА од Приштина. На прес-конференција со шефот за соработка при Канцеларијата на Европската унија во Косово, …

Косово го забранува користењето на некои најлонски кесиња, другите ќе се плаќаат Read More »

Косовската полиција покрена истрага за натписот „Кога војската ќе се врати на Косово“


Косовската полиција вчера покрена „интензивна истрага“ и отвори случај за „предизвикување омраза, поделби и нетрпеливост“, поради натпис испишан на јавна површина покрај главниот пат во општина Зубин Поток, во северно Косово, кое е населено со мнозинско српско население, јави дописникот на МИА од Приштина. Во денешното соопштение на полицијата се вели дека „на заштитниот ѕид …

Косовската полиција покрена истрага за натписот „Кога војската ќе се врати на Косово“ Read More »

Во Косово уапсени владини функционери и бизнисмен поради злоупотреби со државните резерви


Двајца раководители од Министерството за индустрија, претприемништво и трговија на Косово (МИПТ) и еден бизнисмен се уапсени денеска поради сомневања за малверзации при набавка на стоки за државните резерви, јави дописникот на МИА од Приштина. Во полициската акција која започна претпладнево и која се изведе во МИПТ и во стан и локал во Приштина, приведени …

Во Косово уапсени владини функционери и бизнисмен поради злоупотреби со државните резерви Read More »

Вјоса Османи бара од Гугл да го признае Косово


Пред речиси еден месец беше покрената онлајн петиција со која се бара од компанијата Гугл да го признае Косово на своите платформи. Иницијативата на корисниците од албанска националност ја поддржа и косовската претседателка Вјоса Османи. – Драго ми е што се приклучив на иницијативата на „dua.com“, која го повикува Гугл да го вклучи Косово во …

Вјоса Османи бара од Гугл да го признае Косово Read More »