Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово


Денешната, четврта рунда меѓу главните преговарачи на Косово и Србија, Бесник Бислими и Петар Петковиќ, со посредство на Европската унија, заврши без никаков договор за прашањето за српскиот динар, чија употреба беше забранета во Косово во февруари годинава, јавија приштинските медиуми. Бислими по состанокот, кој го водеше посредникот на ЕУ во дијалогот меѓу Приштина и …

Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово Read More »

Хаџоли: Србија се одмаздува за гласањето во Стразбур, од полноќ повеќе од 300 Косовари блокирани на границата со Хрватска


Секретарот на Канцеларијата за врски на Косово во Белград, Фатмир Хаџоли објави дека Србија од полноќ држи повеќе од 300 граѓани на Косово блокирани на границата со Хрватска, јавија утрово медиумите во Приштина. Хаџоли на својата страница на Фејсбук пишува дека „во знак на одмазда и апсурдна нервоза“ поради синоќешното гласање во Парламентарното собрание на …

Хаџоли: Србија се одмаздува за гласањето во Стразбур, од полноќ повеќе од 300 Косовари блокирани на границата со Хрватска Read More »

Ден на жалост денеска во Косово по двете убиства на жени минатите неколку дена


Претседателката на Косово, Вјоса Османи го прогласи денешниот ден, 17 април, за ден на жалост во спомен на убиените жени и девојки во Косово како последица на родово засновано насилство, јави дописникот на МИА од Приштина. Според синоќешното соопштение од кабинетот на Османи, општеството треба да биде во жалост секој ден се додека има убиства …

Ден на жалост денеска во Косово по двете убиства на жени минатите неколку дена Read More »

Во Косово денеска почнува пописот на населението, резултатите се очекуваат по три месеци


По повеќе од две години одлагање, во Косово денеска ќе започне пописот на населението, домаќинствата и становите/куќите, вклучително и на северот на земјата, населен со мнозинско српско население, во процес кој ќе трае шест недели, односно до 17 мај годинава, јави дописникот на МИА од Приштина. Во пописот ќе бидат ангажирани околу 3.500 попишувачи и …

Во Косово денеска почнува пописот на населението, резултатите се очекуваат по три месеци Read More »

Косово станува придружна членка во Парламентарното собрание на НАТО


Пратеникот на владејачката партија во Косово, Движење самоопределување, Дритон Хисени соопшти дека статусот на Косово во Парламентарното собрание на НАТО е подигнат од членка-набљудувач на ниво на придружна членка, јави дописникот на МИА од Приштина. Хисени, кој е шеф на делегацијата на косовското Собрание во Парламентарното собрание на НАТО, преку објава на својата страница на …

Косово станува придружна членка во Парламентарното собрание на НАТО Read More »

Земан: Косово беше и е терористичка држава


„Поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, моментално стои пред Меѓународниот кривичен трибунал во Хаг за воени злосторства. Тој не е сам. Обвинети се цела низа водечки функционери на Косово. Јас велев дека Косово во принцип е терористичка држава. Тоа не го поткрепив само со драстични случаи како вадење органи, дури и од живи“, рече Земан …

Земан: Косово беше и е терористичка држава Read More »

Вучевиќ: Во Косово се случува етничко чистење на Србите, опциите се дипломатија, војна или молк


Министерот за одбрана во технички мандат Милош Вучевиќ денеска изјави дека властите во Приштина континуирано вршат притисок врз Србите кои живеат во Косово и дека тоа е најголемиот безбедносен ризик за Србија. Вучевиќ за телевизија Пинк изјави дека „етничкото чистење на Србите се случува де факто“ на Косово, поради што Србија има опција „да се …

Вучевиќ: Во Косово се случува етничко чистење на Србите, опциите се дипломатија, војна или молк Read More »

Почна трансферот на затвореници од Велика Британија во Албанија


Почна префрлањето на затворениците, албански државјани, од британските затвори кои казната ќе ја доиздржувааат во албанските затвори. Првиот трансфериран затвореник водел криминална организација во Лондон, која се занимавала со шверц на кокаин вреден 150 милиони фунти, а судот во Лондон во 2017 година му изрекол казна затвор во траење од 17 години. Во моментов, над …

Почна трансферот на затвореници од Велика Британија во Албанија Read More »

Бислими ја одби поканата за средба со српската страна во Брисел во врска со забраната на динарот во Косово


Косовскиот вицепремиер и главен преговарач во диајлогот со Србија, Бесник Бислими изјави дека добил покана од Брисел за разговори во врска со новата регулатива на Централната банка на Косово, со која се предвидува единствена валута во Косово да биде еврото, но дека одбил да учествува, јави дописникот на МИА од Приштина. На вчерашната тркалезна маса …

Бислими ја одби поканата за средба со српската страна во Брисел во врска со забраната на динарот во Косово Read More »

Девојче (4) почина во Косово, ја претепале децата на нејзиниот вујко


Четиригодишно девојче од Ѓаковица, Косово, починало вчера во болница во Приштина под сѐ уште неразјаснети околности. Сомеќите се дека им подлегнала на повредите што ѝ ги нанеле децата на нејзиниот вујко, пишува Телеграф. Во болницата во Приштина била донесена во тешка состојба, а лекарите ѝ рекле на мајка ѝ дека има сериозни повреди по телото …

Девојче (4) почина во Косово, ја претепале децата на нејзиниот вујко Read More »

Над 180.000 банкноти од 500 евра се повлечени од оптек во Косово


Централната банка на Косово (ЦБК) објави дека бројката на банкноти од 500 евра што граѓаните ги депонирале во деловните банки, а потоа и во ЦБК, како пари повлечени од оптек, надминала 180.500 парчиња, достигнувајќи вредност од преку 90 милиони и 250 илјади евра, јави дописникот на МИА од Приштина. Ова, како што соопшти ЦБК, е …

Над 180.000 банкноти од 500 евра се повлечени од оптек во Косово Read More »

Легендарна Американка загина во лавина во ски-центар на Косово, нејзиниот свршеник не успеал да ја спаси


Бројни светски медиуми посветени на скијањето ја пренесоа веста дека пред три дена, на 13 февруари, Кетрин „Каша“ Ригби , легендарна американска скијачка и пионерка на екстремното скијање со телемарк, загина во лавина во Косово. Ригби почина на 55-годишна возраст во ски-центарот Брезовица, кој се наоѓа на самиот југ на Косово, во близина на границата …

Легендарна Американка загина во лавина во ски-центар на Косово, нејзиниот свршеник не успеал да ја спаси Read More »

Како САД го осиромашија Косово и што значи тоа за Украина?


  Малиот брат на Џорџ В. Буш беше збунет. „Значи дали сте Албанка? – Нил Буш ја праша поранешната амбасадорка на Косово во Вашингтон, Влора Читаку, на вечера во најдобриот хотел во Приштина минатиот јули. „Да“, му рече таа на братот на поранешниот американски претседател, кој штотуку пристигна неколку часа претходно со црн ренџ ровер …

Како САД го осиромашија Косово и што значи тоа за Украина? Read More »

Централната банка на Косово објави тримесечен план за укинување на плаќањето со динари


Централната банка на Косово (ЦБК) објави денеска нов план за имплементација на одлуката за укинување на користењето на српскиот динар за готовинско плаќање, според кој преодната фаза за имплементација на новата регулатива, која стапи во сила на 1 февруари, ќе трае три месеци, јави дописникот на МИА од Приштина. Со новиот транзициски план, меѓу другото, …

Централната банка на Косово објави тримесечен план за укинување на плаќањето со динари Read More »

Над 3.600 странци работеле во Косово во 2023, од нив 211 биле од Македонија


Косово во текот на 2023 година издало над 3.600 работни дозволи за странски државјани, од кои 211 за државјани на Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина. Косовскиот Институт за напредни студии – ГАП објави дека минатата година се издадени вкупно 3.646 работни дозволи за странски државјани, што е за 667, или 22,4 отсто …

Над 3.600 странци работеле во Косово во 2023, од нив 211 биле од Македонија Read More »

Абот: Нова војна во Косово не е можна, Србија знае дека НАТО нема да го дозволи тоа


 Британскиот амбасадор во Косово, Николас Абот ги нарече нереални предупредувањата за можна војна во Косово, со оглед на поддршката што Косово ја има од своите меѓународни партнери, јави дописникот на МИА од Приштина. Во синоќешното интервју за ТВ Клан Косова, Абот рече дека најверојатно нема да дојде до нов вооружен конфликт меѓу Косово и Србија, …

Абот: Нова војна во Косово не е можна, Србија знае дека НАТО нема да го дозволи тоа Read More »

Рама: Косово треба да се координира со сојузниците


Премиерот на Албанија, Еди Рама, реагираше во врска со одлуката на Централната банка на Косово да ја отстрани од пазарот српската валута динар, пренесуваат албанските медиуми. Рама побарал од Косово да се координира со сојузниците, кои побараа суспензија на оваа мерка, бидејќи според нив, таа може да поттикне нови тензии на Косово. Како што навел …

Рама: Косово треба да се координира со сојузниците Read More »

Вархеји: ЕК е загрижена поради одлуката на Косово да го укине динарот


Европската комисија жали што Централната банка на Косово одлучи да го укине динарот како платежно средство без претходна консултација и е особено загрижена за влијанието на таа одлука врз училиштата и болниците, изјави денеска европскиот комесар за проширување, Оливер Вархеи. Вархеи на „Х“ напиша дека Европската комисија жали за таа одлука, имајќи го предвид нејзиното …

Вархеји: ЕК е загрижена поради одлуката на Косово да го укине динарот Read More »

Косово од денеска целосно го укинува динарот, граѓаните добија време за приспособување


Косовските власти потврдија дека од денеска ќе почне да се применува регулативата на Централната банка на Косово (ЦБК), која предвидува плаќања во готовина и платежни трансакции исклучиво во евра, со преоден период за граѓаните да се приспособат на регулативата. Според претходното соопштение на ЦБК, единствена дозволена валута на Косово ќе биде еврото, кое го исклучува …

Косово од денеска целосно го укинува динарот, граѓаните добија време за приспособување Read More »

Бислими: Од утре еврото е официјална валута во Косово


Косовскиот вицепремиер Бесник Бислими изјави дека утре ќе почне примената на регулативата на Централната банка на Косово (ЦБК) за готовинските плаќања, но дека нема да има казнени мерки, туку ќе има информирање на граѓаните за мерките. – Еврото беше и ќе биде единствената официјална валута, посочи Бислими, изразувајќи ја својата поддршка за регулирањето на ЦБК. …

Бислими: Од утре еврото е официјална валута во Косово Read More »