(ОБНОВЕНО) Британскиот Парламент го отфрли Договорот за Брегзит


Долниот дом на британскиот Парламент вечерва со 391 глас „против“ и 242 гласа „за“ вторпат го отфрли Договорот за Брегзит, што претставува нов тежок удар за обидите на премиерката Тереза Меј за регулирано истапување на Велика Британија од ЕУ. При првото гласање на 15 јануари, „против“ Договорот се изјаснија 432 пратеници, а 202 беа „за“. …

(ОБНОВЕНО) Британскиот Парламент го отфрли Договорот за Брегзит Read More »

Зголемување на бројот на барања за азил од Македонија во ЕУ


Последните бројки на Европската Канцеларија за азил, ЕАСО, покажуваат дека државјаните на Северна Македонија се меѓу оние кои најчесто продолжуваат да поднесуваат барања за азил, дури и откако се одбиени, јави дописничката на МИА од Брисел. Генерално, ЕАСО констатира зголемување од 21 отсто на барањата на азил во земјите на ЕУ плус Норвешка и Швајцарија …

Зголемување на бројот на барања за азил од Македонија во ЕУ Read More »

Грција на дневен ред на министрите за финансии на еврозоната


Белгија-Министрите за финансии на еврозоната денеска ќе разговараат за реформскиот напредок на Атина во рамките на мониторинг програмата, започната во август 2018, откако земјата излезе од планот за спасување. Министрите, прво во формат на членките на еврозоната ќе го разгледуваат вториот извештај за реформскиот напредок во рамките на засилениот мониторинг на Грција. Извештајот, објавен минатиот …

Грција на дневен ред на министрите за финансии на еврозоната Read More »

Шлаканица од ЕУ за САД: Американците со визи во Шенген зоната од 2021 година


Државјаните на САД од 2021 година ќе мора да вадат визи за земјите од Шенген зоната, се наведува во денешното соопштение на Европската унија (ЕУ). Врз основа на новиот Европски систем за информации и одобрување на патувања ЕТИАС, документот ќе биде неопходен за Американците за влез во било која од земјите потписнички на Шенгенскиот договор. …

Шлаканица од ЕУ за САД: Американците со визи во Шенген зоната од 2021 година Read More »

Туск: Проширувањето на ЕУ е приоритет


Белгија – Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека политиката на проширување на ЕУ е приоритет, не само кога е Црна Гора во прашање, туку за целиот регион. По средбата со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, Туск истакна дека протестите во таа земја не се проблем, туку се нормални и типични за секое демократско општество. Ѓукановиќ …

Туск: Проширувањето на ЕУ е приоритет Read More »

Тројно зголемена „црната листа” на ЕУ


Европската унија додаде 10 држави и територии на список на така наречени „даночни оази“, со што таа „црна листа“ се зголеми тројно. На денешниот состанок, претставници на ЕУ треба да го усвојат новиот список, кој на 12 март ќе го потврдат министрите за финансии на земјите- членки на Унијата, информираат неименувани претставници на ЕУ. На …

Тројно зголемена „црната листа” на ЕУ Read More »

Од 2021 година во ЕУ се укинува поместувањето на стрелките на часовникот


Белгија– Со 23 гласа „за“ и 11 „против“ Одборот на Европскиот парламент вчера донесе резолуција со која од 2021 година во цела Европска унија ќе се укине летното и зимското сметање на времето. Земјите-членки сега треба да се координираат и до април 2020 година да одлучат дали ќе останат на зимско или летно сметање на времето. …

Од 2021 година во ЕУ се укинува поместувањето на стрелките на часовникот Read More »

Трамп и се закани на Европа со „царини од пеколот“


Американскиот претседател Доналд Трамп повторно му се закани на Брисел со царини, велејќи дека ЕУ мора да „игра според правилата” или ќе и воведе „царини од пеколот”. – Европската унија е многу, многу цврста. Тие не дозволуваат нашите производи да влезат. Тие не дозволуваат увоз на нашата земјоделска стока, рекол Трамп на состанокот со американските …

Трамп и се закани на Европа со „царини од пеколот“ Read More »

ЕУ: Оставките на опозициските претеници ја поткопуваат евроинтеграцијата на Албанија


Амбасадорот на Мисијата на Европската Унија во Тирана, Луиџи Сореца оцени дека откажувањето на опозицијата од пратеничките мандати го поткопува интегративниот процес на Албанија. – Откажувањето од мандатите го поткопува процесот на интеграција на Албанија кон ЕУ. Пратениците имаат одговорност кон гласачите, очекуваме Владата и опозицијата да се вклучат во дијалогот, порача Сореца од албанскиот …

ЕУ: Оставките на опозициските претеници ја поткопуваат евроинтеграцијата на Албанија Read More »

ЕУ подготвена да возврати ако САД воведат царини за европските возила


Европската комесарка за трговија Сесилија Малмстром изјави дека има „целосна поддршка“ од земјите членки на ЕУ, Унијата да возврати доколку американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини за увоз на автомобили и автомобилски делови од Европа. Малмстром информира дека европските министри за трговија разговарале за трговските односи на Унијата со Вашингтон за време на денешниот неформален состанок …

ЕУ подготвена да возврати ако САД воведат царини за европските возила Read More »

Порошенко: Украина ќе поднесе молба за членство во ЕУ и во НАТО


Украинскиот претседател Петро Порошенко потпиша закон со кој се предвидува Украина да стане членка на НАТО и на Европска Унија. – Мојата стратешка мисија е да обезбедам неповратност на европската и евроатлантската интеграција, напиша Порошенко на Твитер. Тој додаде дека Украина ќе поднесе молба за членство во ЕУ и за Акцискиот план за членство во …

Порошенко: Украина ќе поднесе молба за членство во ЕУ и во НАТО Read More »

Ќе се формира европска агенција за труд


Европските преговарачи се договорија за формирање на европска агенција за работа, чија цел ќе биде сузбивање на работата на црно во земјите членки на Европска Унија. Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, кој предложи формирање на такво тело во 2017 година, ја поздрави одлукатата како „голем чекор напред“ за Европската Унија. Целта на агенцијата …

Ќе се формира европска агенција за труд Read More »

Меј: Нема одложување на Брегзит, 29 март ја напуштаме ЕУ


Британската премиерка Тереза Меј денеска изјави дека нејзината Влада не го променила својот став и оти не сака да го одложи датумот за Брегзит- 29 март, кога Велика Британија треба да ја напушти ЕУ. –  Многу е јасно дека позицијата на Владата, од кога сме го покренале членот 50, е дека имаме временски рок од …

Меј: Нема одложување на Брегзит, 29 март ја напуштаме ЕУ Read More »

ЕУ дава 30 милиони евра за интернет на Балканот


Европската комисија секојдневно работи и на дополнително намалување на цените, и на укинување на роамингот внатре во рамки на западен Балкан и кон ЕУ. Европската унија подготвува 30 милиони евра кои ќе ги вложи во ширење на интернетот на западниот Балкан. Комесарот за дигитален пазар Марија Габриел, објави дека се работи за неповратни средства кои …

ЕУ дава 30 милиони евра за интернет на Балканот Read More »

Туск побара од Париз и Берлин да не ја запостават ЕУ


Белгија– Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, се надева дека француско-германската спогодба потпишана вчера нема да ја засени европската интеграција. Ангела Меркел и Емануел Макрон вчера потпишаа билатерална спогодба за соработка помеѓу нивните две земји, кои се сметаат за моторот на европската интеграција. Туск го поздрави овој договор но побара од двете земји да испратат …

Туск побара од Париз и Берлин да не ја запостават ЕУ Read More »

Приоритетите на романското претседателство со ЕУ ќе бидат презентирани во Собранието


Приоритетите на романското претседателство со Советот на Европската унија за следниот шестмесечен период ќе бидат денеска презентирани пред членовите на собраниската Комисија за европски прашања. На седницата ќе се обратат романскиот амбасадор во Македонија, Виорел Станила, евроамбасадорот Самуел Жбогар, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Артан Груби.

ЕУ сѐ уште без консензус за сезонското сметање на времето


Белгија – Европратениците вчера не постигнаа согласност за начинот на кој ќе треба да му се стави крај на сезонската промена на пресметување на времето. Предлогот за овој комплексен зафат дојде од Европската Комисија минатата година. Известувачот во Европскиот Парламент, Марита Улвског, е на истата линија на со ЕК, но таа смета дека промените треба да …

ЕУ сѐ уште без консензус за сезонското сметање на времето Read More »

Преспанскиот договор му поставува рокови и на Брисел


Имплементацијата на Преспанскиот договор зависи и од тоа дали во јуни ќе добиеме датум за почетокот на преговорите за членство со Европската Унија, предупреди Бојан Маричиќ, шеф на македонскиот технички тим за преговори со ЕУ Тој посочи дека нашата земја се труди да ги исполни условите што лани ни ги поставија партнерите од Брисел и …

Преспанскиот договор му поставува рокови и на Брисел Read More »

Маричиќ: Имплементацијата на Преспанскиот договор зависи и од преговорите со ЕУ


Белгија – Шефот на македонскиот технички тим за преговори со ЕУ , Бојан Маричиќ, кој деновиве престојува во Брисел во рамките на техничкиот скрининг процес со Европската Комисија, вели дека Европската Комисија и земјите членки треба да бидат свесни дека имплементацијата на важен дел од Преспанскиот договор е поврзан со отпочнувањето на преговорите со ЕУ. Евентуалното …

Маричиќ: Имплементацијата на Преспанскиот договор зависи и од преговорите со ЕУ Read More »

ЕУ ќе воведе санкции кон двајцата руски агенти осомничени за труењето на Скрипал


Белгија– Амбасадорите на земјите членки на Европската Унија дадоа согласност за воведување санкции против руските разузнавачи, Руслан Боширов и Александр Петров, кои се осомничен за труењето на двојниот руски агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка лани во март. Одлуката се очекува да биде формално одобрена в понеделник на заседанието на Советот на министри за надворешни …

ЕУ ќе воведе санкции кон двајцата руски агенти осомничени за труењето на Скрипал Read More »