Наградата „Даница Ручигај“ за поетесата Мирјана Тренчева


„Патот за Итака“ од Мирјана Тренчева е победник на конкурсот за најдобра поетска книга напишана од писателка која членува во Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) и објавена во текот на изминатата година (од  мај 2017 – април 2018). Селекторката Билјана Станковска во образложението истакнува дека меѓу кориците на оваа книга „поезијата е на високо …

Наградата „Даница Ручигај“ за поетесата Мирјана Тренчева Read More »

Конкурс на ДПМ за доделување на наградата „Даница Ручигај“


Друштвото на писателите на Македонија го распиша конкурсот за доделување на наградата „Даница Ручигај“ за најдобра поетска книга од писателка-член на ДПМ. Во конкуренција за ова признание ќе влезат стихозбирките објавени од мај 2017 до крајот на април годинава. Книгите до ДПМ авторките и издавачите треба да ги достават во четири примероци најдоцна до 30 …

Конкурс на ДПМ за доделување на наградата „Даница Ручигај“ Read More »

Соња Стојменска Елзесер и Оливера Доцевска – кандидати за претседател на ДПМ


Писателките Соња Стојменска Елзесер и Оливера Доцевска се кандидати за претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Своите кандидатури тие ги најавија со програми за кои членовите на македонската писателска асоцијација ќе решаваат на Изборното собрание закажано за 28 април. Соња Стојменска Елзесер (1963) е есеист, критичар и книжевен научник. Доктор по филолошки науки, професор и …

Соња Стојменска Елзесер и Оливера Доцевска – кандидати за претседател на ДПМ Read More »

ДПМ ги соопшти наградените автори за 2017 година


Романот „Манастир Фуентерабија“ на Јагода Михајловска-Георгиева ја доби наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија за најдобро прозно дело во 2017 година. Ристо Василевски ја доби наградата „Ацо Шопов“ за поетската книга „Оди во кругот“, Ангелина Бановиќ-Марковска е добитничка на „Димитар Митрев“ за книгата есеи „Дискурс и екскурс“, на Васил Мукаетов му е …

ДПМ ги соопшти наградените автори за 2017 година Read More »

Книжевно пладне посветено на Лилјана Пандева


Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје организира Книжевно пладне посветено на Лилјана Пандева, добитник на наградата „Стале Попов“ за најдобра прозна книга што ја доделува Друштвото на писателите на Македонија за 2016 година. Пандева ја доби наградата за романот „Доилката“. За нејзиното творештво ќе зборува Гоце Ристовски. Лилјана Пандева е родена во 1964 година. Таа е …

Книжевно пладне посветено на Лилјана Пандева Read More »