Река прв поднесе кандидатура, до утре на полноќ и Пендаровски и Силјановска


Најдоцна до четврток до полноќ треба кандидатите за претседател на државата да ги достават кандидатурите до Државната изборна комисија (ДИК). За официјализирање на претседателската кандидатура потребно е кандидатите да достават 10.000 граѓански или 30 пратенички потписи. Кандидатурата со собраните потписи вчера ја поднесе Блерим Река, кандидат од албанската опозиција, а до крајниот рок се очекува …

Река прв поднесе кандидатура, до утре на полноќ и Пендаровски и Силјановска Read More »

Османи во ДИК: Фер и слободни избори еден од условите за позитивна одлука од ЕУ


Претстојните претседателски избори треба да бидат фер и демократски, без и најмали забелешки кои би фрлиле темна сенка. Тие треба да бидат натпревар на кој ќе победи најдобриот. Тоа ќе ги покаже зрелоста и демократскиот капацитет на државата, од што во голем дел ќе зависи и донесувањето на одлуката на Комисијата и земјите членки на …

Османи во ДИК: Фер и слободни избори еден од условите за позитивна одлука од ЕУ Read More »

На полноќ завршува рокот за собирање потписи за претседателски кандидат


Вечерва на полноќ завршува рокот за собирање на потписи за кандидатите за претседател на државата. Засега сигурни во претседателската трка се Гордана Силјановска–Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река. Заедничкиот кандидат на 31 политичка партија од коалицијата предводена од СДСМ и на ДУИ, Стево Пендаровски доби поддршка од над 60 пратеници во Собранието. Пендаровски, покрај потписите од …

На полноќ завршува рокот за собирање потписи за претседателски кандидат Read More »

Претседателските кандидати ќе потрошат 10 милиони евра


Секој од тројцата кандидати за претседател на државата ќе може да потроши максимум по 3.3 милиони евра во кампањата. Од буџетот на државата ќе му бидат платени сите трошоци за рекламирање во телевизиите, весниците и интернет-порталите, додека останатите трошоци за митинзи, билборди или изборен материјал ќе бидат обврска на кандидатите, односно партиите што ги поддржуваат. …

Претседателските кандидати ќе потрошат 10 милиони евра Read More »

За борба со корупција се нема време


Кога во март годинава во Антикорупциската комисија изби скандалот со користење неверодостојни налози врз основа на кои на членовите им биле исплаќани патни трошоци, јавноста побара оставки. И, ги доби. Не од сите, туку од петмина сосе претседателот. Двајца не сакаа да се тргнат ни за жива глава. Уште се таму. Имајќи предвид дека кратко …

За борба со корупција се нема време Read More »

Една ДИК – и за референдум и за претседателски избори


Истиот состав на ДИК, кој во септември годинава го спроведе референдумот за името, напролет следната година ќе ги спроведе и шестите претседателски избори во Македонија. Пратениците до вчера доцна попладне не стигнаа да ги донесат измените во Изборниот законик со кои се предвидува продолжување на мандатот на актуелните членови на Комисијата, најдолго за две години. …

Една ДИК – и за референдум и за претседателски избори Read More »

Ќе се пече ли ДИК трипати во шест месеци?


Со уште несредени впечатоци од референдумот, членовите на Државната изборна комисија се во исчекување дали можеби уште оваа седмица ќе треба да почнат со подготовки за спроведување предвремени парламентарни избори на 25 ноември, како прв термин што го најави премиерот Зоран Заев. Според првичните најави, доколку во наредните два дена не се постигне договор со …

Ќе се пече ли ДИК трипати во шест месеци? Read More »

Шест приговори за референдумот до ДИК, рокот за подонесување до 22 часот


До ДИК досега се пристигнати шест приговори за постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите за референдумот што се одржа во неделата на 30 септември. Приговорите се однесуваат на гласачки места во Куманово и во Виница, а во еден од нив се бара увид во целокупниот материјал од гласањето. Рокот за поднесување  на приговорите …

Шест приговори за референдумот до ДИК, рокот за подонесување до 22 часот Read More »

ДИК: До 9 часот излезноста 2,45% проценти


Според податоците на Државната изборна комисија, до 9 часот своето гласачко право на референдумот го искористиле 2,45% од гласачите. Податокот е добиен по обработка на 71% на добиени податоци. ДИК објави дека до нив досега пристигнале три преговори за повреда на избирачко право, но сите биле одбиени. Следната прес-конференција на ДИК е закажана за 11.30 часот.

ДИК: Изборните органи да работат професионално и одговорно, набљудувачите да се придржуваат до Кодексот


Државната изборна комисија (ДИК) апелира до сите изборни органи, вклучени во процесот на организација и спроведување на Референдумот 2018, својата работа да ја извршуваат професионално и одговорно, во согласност со законските процедури. Акредитираните набљудувачи, при вршењето на набљудувањето, како што потенцираат од ДИК, се должни да се придржуваат на правилата и процедурите од Кодексот за набљудување на …

ДИК: Изборните органи да работат професионално и одговорно, набљудувачите да се придржуваат до Кодексот Read More »

Партиите „избришани“ и во избирачките одбори


Партиите останаа без свои претставници и во избирачките одбори за престојниот референдум. Гласањето на избирачките места на 30 септември ќе го спроведуваат по тројца членови и нивни заменици, сите од редот на администрацијата. Избирачките одбори за престојното граѓанско изјаснување, како што објаснуваат од ДИК, се формирани согласно Законот за референдум, според кој избирачкиот одбор е …

Партиите „избришани“ и во избирачките одбори Read More »

Џафери : Собранието има доверба во ДИК и мисијата на ОБСЕ/ОДИХР


Собранието и неговото Координативно тело за спроведување на референдумот имаат целосна доверба во работата на ДИК, во надлежностите на меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР, во намерата на невладините организации како претставници на граѓаните кои го набљудуваат процесот. Во суштина, Собранието кое е избрано од граѓаните не може да ги контролира граѓаните, затоа што граѓаните го …

Џафери : Собранието има доверба во ДИК и мисијата на ОБСЕ/ОДИХР Read More »

На референдумот треба да се исполнат два услова


Половина од запишаните избирачи плус еден да излезат на гласање, и половина од излезените плус еден да гласаат „за“. Тоа се двата услова кои треба да бидат исполнети на претстојниот консултативен референдум на 30 септември, појаснија на денешниот брифинг од ДИК. На новинарско прашања дали има разлика во условите кои треба да се исполнат кога …

На референдумот треба да се исполнат два услова Read More »

ДИК го утврдува изгледот на гласачкото ливче за референдумот


Државната изборна комисија го утврдува изгледот на гласачкото ливче за референдумот закажан за 30 септември. Печатницата „Киро Дандаро“ е избрана да ги печати ливчињата, а за таа намена ќе бидат потрошени 13 милиони денари. Претседателот на ДИК Оливер Дерковски информираше дека од безбедносни причини изгледот на гласачкото ливче Комисијата ќе го утврдува на затворена седница …

ДИК го утврдува изгледот на гласачкото ливче за референдумот Read More »

ДИК ќе одлучува за барањата за набљудување на референдумот


Државната изборна комисија денеска ќе одржи седница на која, меѓу другото, треба да ги разгледа и одобри барањата за добивање на овластувања за набљудување на претстојниот рефрендум поднесени од Комитет за отворена демократија (Committee for open democracy), Фондација за спасување на Земјата (The Earth Saviours Foundation) и Набљудувачка мисија за Референдумот на ОБСЕ/ОДИХР (OSCE/ODIHR Referendum Observation Mission). Членовите на …

ДИК ќе одлучува за барањата за набљудување на референдумот Read More »

„Титаник 2“: Сослушани четворица сведоци, ново рочиште на 6 септември


Во попладневниот дел од судењето за предметот на СЈО „Титаник 2“  што се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година, сведочеа поранешниот член на ДИК, Субхи Јакупи и претседателот на ОИК од Струмица, Васил Крстев. Јакупи, кој во тоа време бил потпретседател на Државната изборна комисија одговарајќи на прашања на обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи, …

„Титаник 2“: Сослушани четворица сведоци, ново рочиште на 6 септември Read More »

Компромисни решенија како Деркоски се враќаат како бумеранг


Шрапнелите од „бомбите“ во Кривичниот суд погодија две личности кои на директен или индиректен начин се поврзани со референдумското изјаснување. Првата, Оливер Деркоски, раководи со институцијата надлежна за спроведување на референдумот (ДИК). Вториот, Владимир Божиновски, е координатор на Институтот за политички истражувања чии анкети, како и сите сондажи од тој тип, го рефлектираат расположението на …

Компромисни решенија како Деркоски се враќаат како бумеранг Read More »

Со слаб одѕив во дијаспората ќе се „крпи“ цензусот


Деветнаесет македонски државјани кои престојуваат или се на привремена работа во странство се пријавиле првиот ден преку електронската апликација на Државната изборна комисија да го остварат своето право на глас на претстојниот референдум. Доколку пријавувањето се одвива според тој интензитет, без посериозни поместувања, до истекот на рокот на 23 август таа можност би ја искористиле …

Со слаб одѕив во дијаспората ќе се „крпи“ цензусот Read More »

ДИК прави измена на роковникот за ценовниците за медиумско претставување


Државната изборна комисија денеска треба да изврши промена на роковникот, со која рокот за поднесување на ценовниците за медиумско претставување поврзано со референдумот, закажан за 30 септември, ќе се продолжи до утре. Само овластениот предлагач, односно Собранието има привилегиран пристап до услугите, кои ги обезбедуват радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите), предвидени со …

ДИК прави измена на роковникот за ценовниците за медиумско претставување Read More »

Продолжен рокот за ценовници за медиумско претставување


Државната изборна комисија (ДИК) во понеделник ќе изврши измена на роковникот со кое рокот за поднесување на ценовниците за медиумско претставување поврзано со референдумот ќе се продолжи до 7 август. ДИК во соопштение појаснува дека само овластениот предлагач, во случајов Собранието, има привилегиран пристап до услугите кои ги обезбедуват радиодифузерите, печатените медиуми и електронските  медиуми (интернет …

Продолжен рокот за ценовници за медиумско претставување Read More »