ДКСК од Уставен суд ќе бара проверка на законитоста на балансерот и на Законот за преземање административни службеници


Дали балансерот ја исполнува целта или се злоупотребува затоа што етничката припадност е основен податок при вработување и дали по 20 години примена е веќе надминат и треба да се укине. Антикорупциската комисија ќе поднесе иницијатива до Уставниот суд да ги преиспита законите во кои е содржана алатката балансер.  ДКСК на денешната седница гласаше и …

ДКСК од Уставен суд ќе бара проверка на законитоста на балансерот и на Законот за преземање административни службеници Read More »

Ивановска: Антикорупциска ќе ги проверува дозволите за хидроцентрала на Дрин Ахмети


Антикорупциската комисија ќе направи проверки дали постои судир на интереси при постапувањето на институциите во случајот со издавањето концесија за изградба на хидроцентрала на Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, најави претседателката на Државната комисија за спречување на корупција Билјана Ивановска.  Во гостување во дневникот на Сител прашана во врска со актуелни случаи поврзани со …

Ивановска: Антикорупциска ќе ги проверува дозволите за хидроцентрала на Дрин Ахмети Read More »

Георгиев: Не изненадува случајот со Мерко туку тоа што нашите институции се разбрануваат кога се укажува однадвор


Ова не е воопшто изненадување, но е изненадување тоа што повторно нашите институции сега се разбрануваат откако некој однадвор ќе укаже за одредени состојби што ние веќе сме ги констатирале, изјави Владимир Георгиев, член на Антикорупциската комисија, во врска со ставањето на „црна листа“ на градоначалникот Рамиз Мерко од страна на Стејт департментот. На новинарско …

Георгиев: Не изненадува случајот со Мерко туку тоа што нашите институции се разбрануваат кога се укажува однадвор Read More »

Антикорупциска ќе слави 20 години во срцето на „Скопје 2014“


  Криминалецот се враќа на местото на злосторството. Или истражителите. Државната комисија за спречување на корупција во вторник, 15 ноември, ќе ја слави 20-годишнината од нејзиното основање во еден од најконтроверзните објекти на проектот „Скопје 2014“ – Музејот на македонската борба. Почнат во 2008 година, кога беше најавено големото преосмислување на центарот на Скопје и …

Антикорупциска ќе слави 20 години во срцето на „Скопје 2014“ Read More »

ДКСК отвори тренинг центар за јакнење на свеста и знаењето во борба против корупцијата


Во Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска беше отворен тренинг центар поддржан од Проектот за граѓанско учество на УСАИД. Потребата за реализација на надлежноста на ДКСК за преземање активности за едукација на органите надлежни за откривање и гонење на корупција и други видови криминал, како што се наведува во соопштението од Државната комисија, …

ДКСК отвори тренинг центар за јакнење на свеста и знаењето во борба против корупцијата Read More »

Народна банка и Антикорупциската комисија ќе соработуваат за спречување на корупцијата


Народната банка на Република Северна Македонија и Државната комисија за спречување на корупцијата денеска склучија Меморандум за соработка, со кој се овозможува заемна размена на искуства и знаења, добра практика, како и стручна консултација за прашања од интерес. -Меморандумот за соработка е резултат на долгогодишната успешна и отворена соработка помеѓу Народната банка и Државната комисија, …

Народна банка и Антикорупциската комисија ќе соработуваат за спречување на корупцијата Read More »

Шефицата на косовската дипломатија под антикорупциска истрага


Агенцијата за борба против корупцијата на Косово (АКК) покренала предистражна постапка за министерката за надворешни Работи, Доника Грвала, поради сомневање дека не пријавила дека е сопственик на деловна компанија во Германија, јави дописникот на МИА од Приштина. Невладината организација „Заклетва за правда“ објави дека, според истражување извршено пред неколку недели, Грвала не само што не …

Шефицата на косовската дипломатија под антикорупциска истрага Read More »

Ивановскa: Веднаш да престане продажбата на државно земјиште


Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска бара веднаш да престане продажбата на државно земјиште. Според неа, најголем проблем во оваа насока е како се прават деталните урбанистички планови, бидејќи тие, како што нагласува, го отсликуваат јавниот интерес кој што општината треба да го спроведе во својот дел. -Која е целта на …

Ивановскa: Веднаш да престане продажбата на државно земјиште Read More »

Случај лифтови: Фирмата од Битола не е „фантомска“, постои 30 години


  БИТОЛА – Фирмата за лифтови, која вчера беше спомната како „фантомска“ од Антикорупциската комисија, ги негира овие наводи. „Сервис Дака“ од Битола не е фантомска фирма, туку опстојува цели 30 години во бизнисот со лифтови, велат од таму за „Независен“. Според нејзиното портфолио, „Сервис Дака“ проектира, монтира, сервисира и одржува лифтови, а произведува и …

Случај лифтови: Фирмата од Битола не е „фантомска“, постои 30 години Read More »

Антикорупциска до сите функционери: без нови вработувања, исплата на вонредни плати, нови градби…


ДКСК ги известува министерствата, единиците на локалната самоуправа, фондовите, агенциите, дирекциите, јавните претпријатија, регулаторни тела, трговски друштва основани од државата и други институции основани од државата, како и јавноста дека од денот на донесување на одлуката за распишување на избори до завршување на изборот на пратеници во Собранието и изборот на владата, не може да …

Антикорупциска до сите функционери: без нови вработувања, исплата на вонредни плати, нови градби… Read More »

Антикорупциски ветинг за судиите


Ергеле од скапи автомобили, станови, куќи, земјишта, скапи часовници, уметнички слики… Импресивно изгледаат имотните листови на „сваровски-судиите“ кои се на тапет на Државната комисија за спречување на корупција, наспроти постојните жалби дека платите во судството се мали. Во отсуство на законско решение за ветинг (процес за проверка на судиите и обвинителите) по примерот на Албанија, …

Антикорупциски ветинг за судиите Read More »

Како и колку се полнел џебот на „сваровски-судиите“?


Кому, колку и на кој начин му се здебелил џебот во името на правото и правдата? „Сваровски-судиите“ од вчера се на тапет на Државната комисија за спречување на корупцијата, која по сопствена иницијатива отвори предмет за злоупотреби и коруптивни дејствија. Ќе се испитува имотната состојба на поранешниот прв човек на Кривичниот суд Владимир Панчевски, на …

Како и колку се полнел џебот на „сваровски-судиите“? Read More »

Вангеловски и Панчевски на тапет на Антикорупциска


Антикорупциска комисија отвара постапки за петмина судии на кои ќе им ја проверува имотната состојба, по извештајот за човекови права на американскиот Стејт Департмент. Се отвараат предмети за претседателот на Врховен суд, Јово Вангеловски, експретседателот на Кривичен суд Владимир Панчевски, за бившиот прв човек на Судскиот совет, Александра Зафирова, како и за судијките Сафија Лаличиќ …

Вангеловски и Панчевски на тапет на Антикорупциска Read More »

Антикорупциска отвори постапка за именувања во Армијата од страна на Иванов


Државната комисија за спречување на корупција отвори постапка за именувањата во Армијата од страна на претседателот Ѓорге Иванов. Станува збор за именувања од шефот на државата објавени во Службен весник по распишувањето на претседателските избори. Антикорупциската комисија, како што беше истакнато на денешната седница, ќе бара информации од Кабинетот на претседателот и од Министерството за одбрана …

Антикорупциска отвори постапка за именувања во Армијата од страна на Иванов Read More »

Баџанакот на Џафери на „томбола“ избран за заменик-претседател на Антикорупциска


На првата седница на Антикорупциска, денеска, Нури Бајрами на „среќа“ е избран за заменик-претседател на Комисијата. Баџанакот на претседателот на Собранието, Талат Џафери, Нури Бајрами, за кого во јавноста имаше многу критики што воопшто се пријавил за член на Антикорупциска, покрај фактот дека е роднина на претседателот на Собранието, денеска повика да престанат прозивките на …

Баџанакот на Џафери на „томбола“ избран за заменик-претседател на Антикорупциска Read More »

Билјана Ивановска ќе ги предводи антикорупционерите


Комисијата за прашања на изборите и именувањата на денешната седница едногласно ја утврди предлог листата за именување на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата. Владимир Георгиев, Софка Пејовска Дојчиновска, Катица Николовска, Нури Бајрами, Билјана Ивановска, Горан Трпеновски, Шемши Салаи се кандидатите за новиот состав на новата Антикорупциска комисија. За претседател на …

Билјана Ивановска ќе ги предводи антикорупционерите Read More »

Објавена е листата за новите антикорупционери


Доцна вечерва објавена е конечната листа со освоените бодови на кандидатите за претседател и членови на новата антикорупциска комисија. Според бодувањето, најмногу поени има Владимир Георгиев – 100, кој е вработен во Комисијата, Софка Пејовска Дојчиновска има 98 поени и исто така е од ДКСК, ревизорката Катица Николовска е на трето место со 94,67 поени,  …

Објавена е листата за новите антикорупционери Read More »

За борба со корупција се нема време


Кога во март годинава во Антикорупциската комисија изби скандалот со користење неверодостојни налози врз основа на кои на членовите им биле исплаќани патни трошоци, јавноста побара оставки. И, ги доби. Не од сите, туку од петмина сосе претседателот. Двајца не сакаа да се тргнат ни за жива глава. Уште се таму. Имајќи предвид дека кратко …

За борба со корупција се нема време Read More »

За Крсто нема ни суд ни антикорупциска


Пратеникот Крсто Мукоски и неговиот брат ќе успеат да се спасат од непријатните прашања како е можно фирма под истрага да добие државен тендер вреден 600.000 евра. Покрај заштитата од власта, во прилог му оди и фактот што Македонија веќе девет месеци нема функционална Антикорупциска комисија по оставките поради преплатените патарини. Не дека во минатото, …

За Крсто нема ни суд ни антикорупциска Read More »