„Бомбашот“ од Собранието меѓу загинатите кај Драчево


Скопјани вчера се простуваа од петмина свои сограѓани, кои загинаа во стравотната сообраќајна несреќа што се случи во вторникот пред полноќ во близина на Драчево. Блиските ги оплакуваа починатите, пет семејства се завија во црно, деца останаа без родители. Неодговорено ќе остане прашањето што се случувало кобните моменти кога автомобилот во кој се превезувале премина …

„Бомбашот“ од Собранието меѓу загинатите кај Драчево Read More »

Кенет Финсен, меѓународен секретар на данскиот Парламент во посета на Сoбранието


Кенет Финсен, меѓународен секретар на Парламентот на Кралството Данска денеска е во посета на Република Северна Македонија. Како што е најавено, тој ќе има средба со пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Данска.

Втора „мајка“ за одземање на мандатот на Груевски


Политичкото мнозинство е пред нов предизвик да обезбеди двотретинско мнозинство за одземање на мандатот на пратеникот и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, сега азилант во Унгарија, Никола Груевски. Собранискиот спикер Талат Џафери вчера испрати допис до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања со кој ја извести дека Груевски неоправдано бил отсутен од собраниски седници повеќе од …

Втора „мајка“ за одземање на мандатот на Груевски Read More »

Германија: Евакуација поради дојави за поставени бомби


Во неколку градови ширум Германија, беа евакуирани градските собранија по дојави за поставени бомби, објави весникот „Билд“. Евакуирани се собранијата во Аугсбург, во Кајзерслаутерн, во Шемниц, во Гетинген, во Нојнкирхен и во Рендсбург. Германскиот весник наведува дека заканите биле испратени директно до адресите на градските собранија, а таа информација беше потврдена од страна на истражителите …

Германија: Евакуација поради дојави за поставени бомби Read More »

Мицкоски ги викна „независните“ поради Катица


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со осумчлената независна пратеничка група. Изненадувачкиот состанок се одржа во Собранието, а бил по иницијатива на лидерот на опозицијата. „На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба, ставовите за реформските закони и идните предизвици за Македонија“, велат „независните“. Станува збор за осумте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата …

Мицкоски ги викна „независните“ поради Катица Read More »

Собрание: Над 200.000 евра за патување и сместување за две години


Одлуката за јавна набавка на услуги за потребите на Собранието за набавка на авио-билети е во висина од 13 милиони денари за две години, со тоа што дел се донација од Швајцарската агенција за развој за потребите на Парламентарен институт. Ова не значи дека сите средства задолжително ќе се потрошат, сѐ ќе биде во зависност …

Собрание: Над 200.000 евра за патување и сместување за две години Read More »

Муамед Сејдини пред промоција во петти претседател на ФФМ


Муамед Сејдини е пред промоција како нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Кандидатот од општинскиот фудбалски сојуз (ОФС) на Кичево е единствена опција за наследник на Илчо Ѓорѓиоски кој се повлече од функцијата во минатото лето. Дотогаш беше негов потпретседател, а во меѓувреме и в.д. претседател. Редовното Генерално Собрание на ФФМ што воедно …

Муамед Сејдини пред промоција во петти претседател на ФФМ Read More »

Паушал од 10.000 денари, спортска опрема до 150 евра, ноќевање во Горица за делегатите на Собранието во ФФМ


Десет илјади денари, спортска опрема во износ до 150 евра, ноќевање, патни трошоци и, секако, задолжителен ручек. „Независен весник“ неофицијално дознава дека ова се бенефити за секој делегат во Собранието на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) што е најавено за викендот (17 март) во хотелот „Горица“ во Охрид. Настрана можноста за патувања или ротирање на …

Паушал од 10.000 денари, спортска опрема до 150 евра, ноќевање во Горица за делегатите на Собранието во ФФМ Read More »

Усвоен Законот за заштита од дискриминација


Собранието денеска го усвои Законот  и заштита од дискриминација, откако во петокот беше исцрпена расправата. За Законот гласаа 52 пратеници, тројца беа воздржани, а против немаше. Со оглед дека Законот се носи со т.н бадентерово мнозинство, за него гласаа 13 од 20 присуни пратеници кои се припадници на немнозинските заедници, против немаше, а еден беше …

Усвоен Законот за заштита од дискриминација Read More »

СЈО ќе преживее, но не и „бомбите“


Специјалното јавно обвинителство ќе ги продолжи истрагите и обвиненијата што ги покрена и по рокот од 18 месеци од преземањето на прислушуваните материјали, но „бомбите“ ќе може да ги користи како докази само во предметите за кои се поднесени обвиненија до 30 јуни 2017 години. Ова се клучните одредби на предлог-законот за Јавното обвинителство во …

СЈО ќе преживее, но не и „бомбите“ Read More »

Пепиќ, Алими, Дурловски, Додевски и Ченто тврдат дека не се виновни за „27 април“


Во Кривичниот суд во Скопје денеска во рамки на судењето за случувањата во Собранието на 27 април 2017 година, завршни зборови дадоа обинетите Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Игор Дурловски, Младен Додевски и Јане Ченто, кои се товарат за сторено кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок. Пепиќ во завршните зборови на судењето истакна дека не е …

Пепиќ, Алими, Дурловски, Додевски и Ченто тврдат дека не се виновни за „27 април“ Read More »

Давидовиќ: УБК ги злоупотребила обвинетите од 27 април


Александар Василевски – Нинџа е контраверзен лик кој предизвика внимание во јавноста, но тој е човек, кој како никој пред него јавно зборувал за настаните од 27 април, истакна денеска адвокатот на обвинетиот Звонко Давидовиќ. -Обвинителството му понуди заштита бидејќи исказот опфати моќни личности, но како и секогаш не се одржа до зборот. Тие што …

Давидовиќ: УБК ги злоупотребила обвинетите од 27 април Read More »

Владата и Собранието почнаа да го користат новото име


Владата и Собранието веќе почнаа да го користат новото име Република Севрена Македонија во комуникацијата со медиумите. По вчерашното стапување во сила на Договорот со Грција и на новото уставно име, се очекува тоа да го направат и останатите државни институции. Меѓуресорската работна група формирана од Владата за извршување на обврските од Преспанскиот договор донесе одлуки во …

Владата и Собранието почнаа да го користат новото име Read More »

Парламентарна делегација во посета на Штабот на НАТО


На покана на Секретаријатот на Парламентарното собрание на НАТО,  денеска и утре во Брисел, Делегација од Собранието на Република Македонија ќе оствари студиска посета на Штабот на НАТО и Врховните штабни здружени сили (SHAPE). Студиската посета е наменета за членовите на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во ПС на НАТО и членовите на Комисијата …

Парламентарна делегација во посета на Штабот на НАТО Read More »

Седницата никако да почне, ново презакажување за 15 часот


Почетокот на парламентарната седница каде треба да се гласа за уставните измени никако да започне. По вчерашното одложување, откажан е стартот и на денешното продолжение, кое беше закажано во 12 часот. По ново, пратениците треба да се соберат во 15 часот. Се претпоставува дека станува збор за последни преговори за обезбедување двотретинско мнозинство, иако извори …

Седницата никако да почне, ново презакажување за 15 часот Read More »

Македонија утре ќе го гласа новото име


Иако на седницата за финализирање на уставните измени не се очекуваат изненадувања, а на улиците протестираат мал број противници, атмосферата во земјава, барем за момент, излезе од вообичаената апатија. Уште од претпладневните часови улиците во центарот на Скопје беа блокирани. Многубројни полициски сили со борни возила се стационираа околу зградата на Собранието, а во парламентот …

Македонија утре ќе го гласа новото име Read More »

Заев им се заблагодари на Касами, Села и Панче Минов


Премиерот Зоран Заев им се заблагодари на своите коалициски партнери во владата што работеле на постигнување на договорот со Грција (ДУИ, ЛДП, ДПА, Беса на Африм Гаши), а ги спомна и независните пратеници (исклучените од ВМРО-ДПМНЕ), Алијансата на Зијадин Села, Беса на Билал Касами, како и на пратеникот од опозицијата, Панче Минов што активно учествувале …

Заев им се заблагодари на Касами, Села и Панче Минов Read More »

ВМРО повторно ќе исклучува ако некој гласа „за“


ВМРО-ДПМНЕ останува на својот став и нема да учествува во работата на Собранието каде што денеска започнува последната фаза од уставните измени за ратификација на договорот за името со Грција. Партијата очекува нејзините пратеници овој пат да бидат единствени и да не гласаат за преспанската спогодба, но, за секој случај, уште сега најавуваат дека доколку …

ВМРО повторно ќе исклучува ако некој гласа „за“ Read More »

Почнува финалната фаза од уставните измени


Двотретинското мнозинство за уставните амандмани останува неизвесно пред денешното отпочнување на пленарната седница на македонското Собрание на која со нивно изгласување треба да се заокружи имплементацијата на Преспанскиот договор. Од опозициските албански партии БЕСА на Касами вчера на прес-конференции во Собранието потврди дека продолжуваат со разговорите во врска со нивните барања, со кои ја условуваат …

Почнува финалната фаза од уставните измени Read More »

Малку аплауз и многу врева за говорот на Иванов


Претседателот Ѓорге Иванов го имаше вчера своето последно обраќање во парламентот, во кое доминираа критики во однос на Преспанскиот договор и последните потези на владејачката гарнитура во делот на амнестијата и донесувањето на уставните амандмани. Тој ги повика пратениците да го отфрлат договорот со Грција, како што го отфрлиле граѓаните на референдумот и се пожали …

Малку аплауз и многу врева за говорот на Иванов Read More »