Комисијата за избори и именувања утре продолжува со седницата за уставните судии


Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска имаше координативна средба со потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, координаторите на пратеничките групи СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците, претставниците на Алтернатива и БЕСА и претставникот од Владата Бојан Маричиќ. Ова е прва редовна координација по летниот колективен одмор.

Џафери на средбата соопштил дека на 14 септември 2022 година е планирано одржувањето на првата нова седница на Собранието, а дополнително ги информирал присутните и за следните планирани активности во законодавниот дом. Утре продолжува седницата на Комисијата за избори и именувања за изборот на уставните судии, а ќе се работи и на продолженија на веќе започнати седници.

-Исто така, претседателот Џафери им посочи на координаторите на пратеничките групи од утре да продолжи со работа Комисијата за избори и именувања со точката за избор на уставните судии, а преостанатите комисии на Собранието на Република Северна Македонија да продолжат со разгледување на преостанатите точки од дневните редови. Во периодот што следи, пратениците ќе работат и по продолженијата на веќе започнатите пленарни седници, се посочува во соопштението од Кабинетот на Џафери.