САД: Грипот се шири побрзо од лани


Грипот се шири подалеку и побрзо отколку минатата година, објави Центарот за за контрола и превенција на болести на САД. Соединетите Американски Држави веќе се пред епидемија. Грипот е раширен во седум држави: Арканзас, Џорџија, Луизијана, Масачусетс, Мисисипи, Оклахома и Вирџинија. Во истото време минатата година, вирусот го немаше во ниту една од овие држави. …

САД: Грипот се шири побрзо од лани Read More »

Ова е последниот нацист, ниту една држава не сака да го прими (ФОТО)


Полјакот Јакив Палиј (94), еден од последните нацистички соработници и чувар во „работен логор“ во Полска за време на Втората светска војна, каде во еден дел се убиени 6.000 Евреи, не сакаат да го примат ниту Германија, ниту Полска, ниту Украина и покрај барањата на семејствата на убиените Евреи. Сојузниот суд во Њујорк пред 14 …

Ова е последниот нацист, ниту една држава не сака да го прими (ФОТО) Read More »

Најмалку шестмина загинати во железничката несреќа во близина на Сиетл


Шест лица загинаа кога воз на американската железничка компанија Амтрак излета од шините од железнички надвозник јужно од Сиетл и најмалку еден вагон се урна врз автопат. Најмалку 77 лица се префрлени во болница, но се уште нема официјална информација за тежината на нивните повреди. Портпаролот на болницата Свети Петар соопшти дека во таа медицинска …

Најмалку шестмина загинати во железничката несреќа во близина на Сиетл Read More »

САД ставија вето на резолуцијата во врска Ерусалим во Советот за безбедност


САД ставија вето врз нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, со која се одбива неодамнешното признавање од страна на американскиот претседател Доналд Трамп на Ерусалим како главен град на Израел и неговите планови за преместување на американската Амбасада во градот. Ветото на САД беше најавено од американскиот амбасадор во ОН, Ники Хели, неколку часа …

САД ставија вето на резолуцијата во врска Ерусалим во Советот за безбедност Read More »

(ВИДЕО) Воз излета од шини во близина на Сиетл


Воз на американската железничка компанија „Амтрак“ слета од надвозник јужно од Сиетл и се урна врз автопат. Американски медиуми јавуваат дека има повредени и жртви. – Има повеќе жртви во возот – изјави Ед Тројер, портпарол на локалниот шериф. Тој не можеше да соопшти за колкав број станува збор, но рече дека во возилата не …

(ВИДЕО) Воз излета од шини во близина на Сиетл Read More »

Инцидент во американска воена база во Велика Британија


Британската полиција денеска упаси маж, кој со автомобил се обиде да влезе во американската воена воздухопловна база во Сафок, источна Англија. Американската база Милденхол е затворена поради безбедносниот инцидент. Британското Министерство за одбрана соопштија дека во инцидентот е уапсено едно лице.

Бејли: ’Турски тек‘ не е решение за загаденоста


„Не се работи за твитер војна. Ги прашавме македонските граѓани за краткорочните мерки за чист воздух. Уште еден руски цевковод нема го постигне тоа. САД ја поддржува Македонија во желбата за снабдување со гас на македонските градови и разноликоста во снабдувањето со гас во Македонија и Европа“, напиша американскиот амбасадор Бејли на својот профил на …

Бејли: ’Турски тек‘ не е решение за загаденоста Read More »

САД ја укина регулативата за неутралност на интернет


Американската Федерална комисија за комуникации синоќа укина правила за „неутралност на интернет“ воведени пред две години за време на администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама. Со нив се гарантираше еднаков пристап на интернет. Наместо тоа, прифатена е политика што ќе намали регулативи на поголеми интернет провајдери и ќе им се дадат пошироки овластувања да одлучат …

САД ја укина регулативата за неутралност на интернет Read More »

САД и Русија се закачија околу загадувањето во Скопје


Руската амбасада во Македонија, преку нивниот Твитер профил, одговори на американската амбасада со предлог за прочисување на воздухот во Скопје. – Додека нашите пријатели од американската амбасада во Македонија бараат предлози за намалување за загаденоста, ние сакаме да предложиме решение. Турски тек, се вели во твитот на руската амбасада. Претходно, Амбасадата на САД во Македонија …

САД и Русија се закачија околу загадувањето во Скопје Read More »

САД: Русите не се повлекуваат од Сирија


САД соопштија дека не забележале значително повлекување на руските трупи од Сирија, и покрај тоа што рускиот претседател Владимир Путин објави дека ќе се повлечат. – Немаше значително намалување на бројот на војниците откако Русија објави дека ќе се повлече од Сирија – изјави портпаролот на Пентагон, мајор Ејриан Ренкајн-Геловеј.

Сенаторка од Њујорк побара оставка од Трамп поради сексуално малтретирање


Американската сенаторка Кирстен Џилибренд, која ја претставува државата Њујорк и е од редовите на Демократската партија, вчера го повика претседателот Доналд Трамп да поднесе оставка поради обвинувањата на жени кои тврдат дека тој сексуално ги малтретирал во минатото. – Овие жени тврдат дека претседателот Трамп ги нападнал и се работи за навистина сериозни обвинувања за …

Сенаторка од Њујорк побара оставка од Трамп поради сексуално малтретирање Read More »

Русија и Турција сметаат дека одлуката на САД за Ерусалим го дестабилизира Блискиот Исток


Русија и Турција сметаат дека одлуката на САД да го признаат Ерусалим за главен град на Израел го дестабилизира Блискиот Исток, изјави рускиот претседател Владимир Путин по денешната средба во Анкара со шефот на турската држава Реџеп Таип Ердоган. Путин предупреди дека одлуката на американската Администрација нема да помогне за решавање на ситуацијата на Блискиот …

Русија и Турција сметаат дека одлуката на САД за Ерусалим го дестабилизира Блискиот Исток Read More »

Харадинај: Нема да преговараме со Белград без учество на САД


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска изјави дека дијалогот меѓу Белград и Приштина, што се одржува под покровителство на ЕУ, нема да продолжи доколку во него не се вклучат и САД. – Сите треба да знаат дека Косово нема да седне на (преговарачката) маса без американско присуство, изјави Храдинај пред пратениците на косовското Собрание, додавајќи дека …

Харадинај: Нема да преговараме со Белград без учество на САД Read More »

Пјонгјанг: Веќе не е прашање дали ќе има војна, туку кога


Големите заеднички воени вежби на САД и Јужна Кореја и заканите за американскиот превентивен напад, ја прават војната на Корејскиот Полуостров „факт“, соопшти министерството за надворешни работи на Северна Кореја. – Останува прашањето кога ќе почне војната. Не сакаме војна, но нема да бегаме од неа доколку САД лошо го проценат нашето трпение и го …

Пјонгјанг: Веќе не е прашање дали ќе има војна, туку кога Read More »

Абас: САД веќе не можат да бидат медијатор во израелско-палестинските мировни преговори


Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел. Тој нагласи денеска дека тоа ги поништува сите права САД да бидат медијатор во израелско-палестинските мировни преговори. Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави дека САД мора веднаш да почнат со имплементирање на одлуката на …

Абас: САД веќе не можат да бидат медијатор во израелско-палестинските мировни преговори Read More »

Американските дипломати имаат оштетување на мозокот од акустичните напади на Куба


Кај персоналот на Амбасадата на САД на Куба, кој беше цел на чудни звучни напади, откриени се мозочни аномалии, објавија лекарите во денеска. Според нивните зборови, со што и да бил нападнат персоналот на Амбасадата во Хавана, довело до „забележителни промени во мозокот“. Наодите на лекарите потврдуваат дека американските дипломати на Куба биле жртви на …

Американските дипломати имаат оштетување на мозокот од акустичните напади на Куба Read More »

Реакции по признавањето на Трамп на Ерусалим за главен град на Израел


Палестинската организација Хамас во првичниот коментар во врска со одлуката на Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел нагласува дека со тој потег „се отвораат вратите на пеколот“. Францускиот претседател Емануел Макрон изрази жалење од одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел. Макрон повика …

Реакции по признавањето на Трамп на Ерусалим за главен град на Израел Read More »

„Комерсант“: САД се вкотвуваат на Балканот


Проектот на американскиот Атлантски совет за нова стратегија на Балканот беше презентиран во САД. Трите клучни елементи на овој проект се: постојано американско воено присуство во регионот, помирување со Србија и активно посредување во решавањето на регионалните спорови. Изворите на „Комерсант“ во балканските владини кругови веруваат дека усвојувањето на оваа стратегија ќе значи враќање на …

„Комерсант“: САД се вкотвуваат на Балканот Read More »

Северна Кореја: Трамп е луд


Севернокорејскиот Комитет за мирно повторно обединување на Корејскиот Полуостров го нарече американскиот претседател Доналд Трамп „луд“, оценувајќи дека воздухопловните воени вежби на САД и Јужна Кореја, што започнаа денеска, „ќе ка турнат ситуацијата на Полусотровот, која е веќе акутна, на самиот раб на нуклеарна војна“. Во реакција на соопштението од Пјонгјанг и маневрите на американското …

Северна Кореја: Трамп е луд Read More »

Претседателот на Собранието Џафери во посета на Вашингтон


Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери од денеска е во работна посета во Соединетите Американски Држави. На покана на конгресменот Дејвид Питинџер, Џафери ќе учествува на 10. Парламентарен безбедносен разузнавачки Форум, што ќе се одржи на 7 декември во Вашингтон. Покрај учеството на Форумот предвидени се и средби со повеќе конгресмени и претставници …

Претседателот на Собранието Џафери во посета на Вашингтон Read More »