Абас: САД веќе не можат да бидат медијатор во израелско-палестинските мировни преговори


Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел.

Тој нагласи денеска дека тоа ги поништува сите права САД да бидат медијатор во израелско-палестинските мировни преговори.

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави дека САД мора веднаш да почнат со имплементирање на одлуката на Трамп.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го призна Ерусалим за главен град на Израел игнорирајќи ги предупредувањата од арапски и европски држави.