Маж и жена пронајдени мртви во домот во Прилеп


Итна медицинска помош вчера пријавила во полицијата дека во станот на двајца сопружници во Прилеп била пронајдена почината И.Н.(76) со прострелна рана во главата, додека во заедничката просторија од зградата пронајден бил починат и нејзиниот сопруг М.Н. (81). „За време на увидот во станот бил пронајден пиштол „Застава“ калибар 9 мм, кој со дозвола го …

Маж и жена пронајдени мртви во домот во Прилеп Read More »

Попладнево едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа


Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи попладнето на регионалниот Битола-Прилеп-Скопје на влезот на Прилеп кај Паркот на Револуцијата. Според првичните информации од СВР Битола, до несреќата дошло околу 16 часот кога автомобил марка „Опел вектра“ со прилепски регистерски таблички, од засега непознати причини, автомобилот кој се движел од Битола …

Попладнево едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа Read More »

(Фото) Маската „Деца-пуканки“ ги воодушеви прилепчани за Прочка


Над 200 маскирани ученици од прилепските училишта и од Крушево денеска на плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ дефилираа и ги претставија своите маски и фантазијата што ја вклопиле во карневалот. На детскиот карневал, кој се одржа денеска како дел од карневалскиот викенд во Прилеп, дефилираа бројни маски. Имаше заштитувачи на животната средина, од Крушево стигнаа „Веселите тролови“, …

(Фото) Маската „Деца-пуканки“ ги воодушеви прилепчани за Прочка Read More »

Со изложба на маски почнаа карневалските свечености во Прилеп


Со изложбата на маски во Центарот за култура „Марко Цепенков“ денеска почна тридневниот карневалски спектакал во Прилеп „Прочка 2018“, коj ќе кулминира со главното карневалско дефиле в недела, на Прочка. Oрганизаторите на карневалот, општина Прилеп и Здружението „Прилепски мечкари“ ги прогласија најдобрите од 700 маски на учениците од 15-те основни и средни училишта. Изложбата е …

Со изложба на маски почнаа карневалските свечености во Прилеп Read More »

Чувари на традицијата: Прилепските прочкари Горан и Коста мајстори за маскирање


Двајцата се познати мајстори на групните маски во Прилеп. Откако пред 17 години почна меѓународниот прилепски карневал „Прочка“ тие се неизбежни креатори на успешните и, пред се, оригинални групни маски. Горан Ржаникоски и Коста Петрески, двајцата „ортаци“ во маскирањето, или по прилепски „преправањето“, ги затекнавме работно во подрумските простории. И по нивното „официјално“ речиси 12-часовно …

Чувари на традицијата: Прилепските прочкари Горан и Коста мајстори за маскирање Read More »

Прилеп се подготвува за 17-от по ред меѓународен карневал „Прочка 2018“


Општина Прилеп се подготвува за одржување на 17-от по ред меѓународен карневал „Прочка 2018“. Карневалските свечености ќе почнат на 16 февруари со отворање на традиционалната изложба на детски маски во Центарот за култура „Марко Цепенков“. Ден потоа ќе се одржи детскиот карневал за учесници до 14 години. Главната манифестација ќе се одржи на Прочка, на …

Прилеп се подготвува за 17-от по ред меѓународен карневал „Прочка 2018“ Read More »

Запален автомобилот на новинар од Прилеп


Новинарот Зоран Милошески од Прилеп кому ноќеска му беше запалено возилото бара надлежните што поскоро да ги откријат сторителите за овој и за случајот од пред една година, кога му беше запалена гаражата. Имено, како што објави Милошески на својот профил на социјалните мрежи, ноќеска околу 1:20 часот по полноќ му било запалено возилото марка …

Запален автомобилот на новинар од Прилеп Read More »

Пресметка пред казино во Прилеп: Две лица избодени со нож


З.П. (54) од Прилеп е приведен откако рано утрово, околу четири часот, по претходна расправија, со остар предмет ги пробол К.Р. (25) и М.Р.(26). Според МВР, настанот се случил пред казино во Прилеп. Повредените се пренесени во Медицински центар – Прилеп.

Во Прилеп се одржа традиционалниот Божикен ручек за 500 деца


Со божикни и новогодишни песни, со радост и насмевки, денеска, на големиот прзник Бижик, во Прилеп се дружеа околу 500 деца од речиси сите градови во земјава. Желбите за радост, среќа, и за година на безгрижни детски денови си ги посакаа децата без родители, децата на загинатите бранители, децата со посебни потреби, заедно со децата …

Во Прилеп се одржа традиционалниот Божикен ручек за 500 деца Read More »

Измамници од прилепчанец одзеле 17.000 евра за часовник


Две непознати лица вчера со измама му одзеле 17.000 евра на Ѓ.А. (92) од Прилеп на градскиот плоштад „Александар Македонски“. Откако сфатил дека е измамен околу 13 часот настанот го пријавил во полициската станица Прилеп. Како што информира МВР, лицата го пресретнале и почнале разговор со него, по што му дале еден машки часовник, за …

Измамници од прилепчанец одзеле 17.000 евра за часовник Read More »

Полицијата трага по лицето што го подметнало пожарот во Прилеп


Полицијата трага по непознато лице кое ноќеста подметна пожар во кој целосно изгоре кафулето, „Галери хаус паб“ во строгиот центар на Прилеп. Според Лефтерија Миленкоска, портпарол на СВР Битола полицијата работи на расчистување на случајот. – Полицијата и прилепскито јавно обвинителство прават увид на местото на големиот пожар во центарот на Прилеп во кој изгоре …

Полицијата трага по лицето што го подметнало пожарот во Прилеп Read More »

Прилеп: Се подготвуваат 60.000 посни сарми за Свети Никола


Во манатирот „Свети Димитрија“ во прилепското село Селце, прилепчанките денеска ги приготвуваат традиционалните мали посни сарми за прославата на патрониот празник на градот „Свети Никола“. Во весела атмосфера, посветено и со добра мисла, велат членките на здруженијата „Мајка Традиција“ и „Преродба“, за прославата на светецот заштитник на Прилеп ќе приготват преку 60.000 посни сарми. – …

Прилеп: Се подготвуваат 60.000 посни сарми за Свети Никола Read More »

Прилепчанец почина во пожар


Шеесет и пет годишниот Ѓ.А. од Прилеп го загуби животот откако во пожар што избувна вчера околу 13:50 часот во механичарска работилница во Прилеп. До несреќата, според МВР, дошло кога Ѓ.А., додека поправал автомобил „сеат толедо“ од непознати причини избувнал пожар во возилото, по што се обидел да го изгаси, но паднал во безсознание. Бил пренесен во …

Прилепчанец почина во пожар Read More »

Дефекти во Прилеп поради дождовите


Поради обилните врнежи денеска во Прилеп имаше повеќе дефекти во водоводната и канализациската мрежа со поплавени улици и куќи. Вечерва жителите на прилепската улица „Кузман Јосифоски Питу“ ќе останат неколку часа без водоснабдување поради пукната цевка,зјави директорот на прилепското ЈКП „Водовод и канализација“ Емил Јанески кој заедно со прилепскиот градоначалник Илија Јованоски го посети местото …

Дефекти во Прилеп поради дождовите Read More »

Сугарески: Бројните експропријации проблем за гасификацијата кај Прилеп и Тетово


Значителен дел од планираните 2,19 милијарди денари за процесот за гасификација со Предлог буџетот за 2018 година се наменети за бројните експропријации на земјиштето, кои се клучен проблем за овој проект, информира денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Конкретно, наведе има сериозен проблем на кракот за поврзување од Неготино до Битола, во делот …

Сугарески: Бројните експропријации проблем за гасификацијата кај Прилеп и Тетово Read More »