Триесет семејства се вратија во своите домови во Кичево


Семејствата кои беа сместени во спортската сала „Иванидол“ денеска по повлекување на водата од Зајашка река во своето корито се вратија во домовите. – Храна, облека, како и здравствена заштита е перманентна во тој регион со мобилни екипи. Општинска комисија е на терен и врши проверка и проценка на направената штета од поплавите и во …

Триесет семејства се вратија во своите домови во Кичево Read More »

Над 50 куќи поплавени во Кичево, семејствата се згрижени


Министерството за труд и социјална политика, Центарот за социјална работа Кичево и Црвениот крст Република Македонија денеска заедно се на терен и во обиколка на поплавените населени места во Кичево. „Поплавени се куќи во т.н Прилепска населба во Кичево. Во моментов ЦСР Кичево прави увид на сите поплавени куќи и иако првичната бројка беше дека …

Над 50 куќи поплавени во Кичево, семејствата се згрижени Read More »

(ФОТО) Поплавен стадионот Влазрими во Кичево


Интензивните врнежи од дожд кои го зафатија кичевскиот регион во изминатите 24 часа, ги преполнија речните корита, што предизвика излевање на повеќето водотеци во овој регион, а поплавија и 50 куќи. Се излеаја реките Треска, Зајашка Река, Беличка Река и некои помали водотеци, а при овие излевања поплавени се над 500 хектари ораници и ливади. …

(ФОТО) Поплавен стадионот Влазрими во Кичево Read More »

Свлечиште на патот Кичево-Битола, сообраќајот по една коловозна лента


На патниот правец Кичево – Битола кај село Белица, поради свлечиште сообраќајот се одвива по една коловозна лента, а екипите на ЈП Македонијапат со механизација работат на расчистување и нормализација на сообраќајот. АМСМ информира дека по една коловозна лента се одвива и сообраќајот на патниот правец Кичево-Охрид, помеѓу селата Подвис и Попоец поради вода на …

Свлечиште на патот Кичево-Битола, сообраќајот по една коловозна лента Read More »

СЈО врши увид на предмети во судот во Кичево


Обвинителката Фатиме Фетаи е денеска во работна посета на Основниот суд во Кичево и, според информациите со кои располага правосудство.мк, таа била придружувана од уште еден службеник од Специјалното јавно обвинителство. Во Кичево, обвинителката Фетаи извршила увид во неколку судски предмети. Извори на правосудство.мк велат дека не е познато за што точно се интересирала Фетаи, …

СЈО врши увид на предмети во судот во Кичево Read More »

Полицијата пронајде рачна бомба, пушки и пиштоли во домот на кичевчанец


На 11 јануари 2018 година во Кичево во домот на С.Ѓ. (49) од страна на полициски службеници од Полициската станица-Кичево, по наредба од Основен суд–Кичево извршен е претрес во неговата куќа. Притоа бил забележан неговиот син Ј.Ѓ. како во патничко моторно возило „Чироки“ со кичевски регистарки ознаки става огнено оружје. Од страна на полициските службеници …

Полицијата пронајде рачна бомба, пушки и пиштоли во домот на кичевчанец Read More »

Сообраќајна несреќа го блокираше патот Кичево-Македонски брод


Сообраќајот на регионалниот пат Кичево-Македонски брод меѓу селата Србјани и Староец се праносчува по алтернативен пат, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија. Како што информира АМСМ, сообраќајот е во прекин и се пренасочува од 17:50 часот поради случена сообраќајна незгода.

Претставата „Маша, Медо и Дедо Мраз“ ќе се одигра во Кичево


Новогодишната хит-претстава „Маша, Медо и Дедо Мраз“ во изведба на Театар Крик од Скопје же гостува во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево. Изведбата ќе биде на 20 декември со почеток во 13:30 часот. Оваа претстава е направена за најубавата публика – децата, а носители на целото дејство се Дедо Мраз, Маша и Медо. Претставата изобилува …

Претставата „Маша, Медо и Дедо Мраз“ ќе се одигра во Кичево Read More »

Запленети 30 килограми марихуана во Кичево


Триесет килограми марихуана се пронајдени вчера при полициски претрес во домовите на две лица во селото Аранѓел, во Кичевско. Припадници на кичевската полиција, криминалистичката полиција од Охрид и од Единицата за недозволена трговија со дрога по претходно добиени оперативни сознанија извршиле претрес во домовите на лицата А.А. (45) и Е.А.(47). Во приземните простории на куќата …

Запленети 30 килограми марихуана во Кичево Read More »

Со автоматски пушки ограбиле банка во Кичево


Експозитура на „Шпаркасе“ во Кичево е ограбена од страна на двајца непознати и маскирани разбојници. Грабежот се случил околу пладне. Според нашите информации, повредени нема. Засега не се знае колку пари се одземени. Од охридската полиција го потврдуваат разбојништвото и велат дека во моментов трае увидот, по што ќе излезат со повеќе информации за случајот.

Кичево: Бесплатна теоретска обука за опрема и движење низ планина


Предавања на темите „Основи на движење низ планина” и „Основна планинарска опрема” наменети за почетници и искусни планинари же се одржат на 11 декември на Меѓународниот ден на планината. Настанот е во оргнизација на планинарското еколошко друштво „Ендорфин” од Кичево во соработка со Културниот центар „Кита” исто од Кичево. Покрај предавањата ќе биде проектирана и …

Кичево: Бесплатна теоретска обука за опрема и движење низ планина Read More »