Со автоматски пушки ограбиле банка во Кичево


Експозитура на „Шпаркасе“ во Кичево е ограбена од страна на двајца непознати и маскирани разбојници. Грабежот се случил околу пладне. Според нашите информации, повредени нема. Засега не се знае колку пари се одземени. Од охридската полиција го потврдуваат разбојништвото и велат дека во моментов трае увидот, по што ќе излезат со повеќе информации за случајот.