Триесет семејства се вратија во своите домови во Кичево


Семејствата кои беа сместени во спортската сала „Иванидол“ денеска по повлекување на водата од Зајашка река во своето корито се вратија во домовите.

– Храна, облека, како и здравствена заштита е перманентна во тој регион со мобилни екипи. Општинска комисија е на терен и врши проверка и проценка на направената штета од поплавите и во наредните денови ќе се излезе со детален извештај, рече портпаролот на општината Емин Насуфи и додаде дека градоначалникот Фатмир Дехари денеска го посетил регионот и погодените семејства.

На терен е и механизацијата на Ј.П. „Комуналец“, која работи на средување на коритото на Зајашка река. Во оваа населба претежно живеат припадници од ромска етничка припадност во диво изградени куќички во близина на коритото од Зајашка река.