СЈО врши увид на предмети во судот во Кичево


Обвинителката Фатиме Фетаи е денеска во работна посета на Основниот суд во Кичево и, според информациите со кои располага правосудство.мк, таа била придружувана од уште еден службеник од Специјалното јавно обвинителство.

Во Кичево, обвинителката Фетаи извршила увид во неколку судски предмети. Извори на правосудство.мк велат дека не е познато за што точно се интересирала Фетаи, но дека нема дилеми дека се вршеле одредени проверки за постапки што ги води СЈО.