Заев вели дека за неколку дена Владата ќе биде комплетирана


Премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратеничко прашање рече дека верува оти за неколку дена ќе се предложи министер за здравство во Собранието на Република Македонија, министер без ресор за странски инвестиции и заменик-министер за образование и наука. – Верувам дека за неколку дена ќе се предложи министер за здравство овде во Собранието, министер без ресор …

Заев вели дека за неколку дена Владата ќе биде комплетирана Read More »

Владата ќе одговара на прашања од пратениците


Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 23. седница на која на дневен ред се поставување пратенички прашања. Премиерот Зоран Заев и министрите првпат по формирање на новата Влада ќе одговараат на прашањата на пратениците. Седницата за поставување пратенички прашања Парламентот започнува да ја одржува по 100 дена од формирањето на Владата, но поради …

Владата ќе одговара на прашања од пратениците Read More »

Утре е првата седница за пратенички прашања со новата Влада


Премиерот и министрите утре се на отчет пред пратениците. На утрешната собраниска седница на дневен ред се пратенички прашања. Седницата за пратенички прашања се одржува по 100 дена од новата Влада, но беше одложена поради локалните избори. Според собранискиот Деловник, седница за пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот. Овојпат е поместена за …

Утре е првата седница за пратенички прашања со новата Влада Read More »

Ден на албанската азбука, Хазби Лика прави свечен прием во Владата


Вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор Хазби Лика денеска во Владата ќе организира свечен прием по повод Денот на албанската азбука, 22 Ноември со кој се одбележуваат 109 години од Битолскиот конгрес на кој таа била стандардизирана. Како што соопшти Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, на настанот ќе учествуваат доајени на албанското образование …

Ден на албанската азбука, Хазби Лика прави свечен прием во Владата Read More »

Донесени одлуки за прераспределба на средства меѓу буџетските корисници


Владата на Република Македонија на денешната 39-тата седница ја разгледа и ја усвои предлог–одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите. Прераспределбата на средства, како што соопшти владината прес-служба, се врши за да се обезбедат средства за исплата на достасани обврски за сметка на проектите кај кои е забележано …

Донесени одлуки за прераспределба на средства меѓу буџетските корисници Read More »

И СЈО стана дел од работната група за исполнување на барањата на Прибе


Владата денеска донесе одлука да ја дополни работната група за исполнување на препораките на Рајнхарт Прибе во однос на прислушкувањето и враќање на владеењето на правото. Оваа одлука, како што информираат од владината прес-служба, е донесена врз основа на увидената потреба во нејзината работа да бидат вклучени и претставници од Јавното обвинителство за гонење на …

И СЈО стана дел од работната група за исполнување на барањата на Прибе Read More »

Шапуриќ: Привилегиите за странските инвеститори да бидат достапни и за домашните


По повод Европската недела на претприемништво Министерот Зоран Шапуриќ се обрати на јавен настан во ЕУ инфо центарот организиран од Агенцијата за подршка на претприемништвото во Република Македонија. На овој настан се презентираше проектот „Воспоставување и промоција на менторските услуги за мали и средни претпријатија во Западен Балкан – Фаза 2“, поддржан од Јапонската Агенција …

Шапуриќ: Привилегиите за странските инвеститори да бидат достапни и за домашните Read More »

Ќе се менува Законот за заштита на сведоци


Владата ќе му предложи на Собранието да усвои предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на сведоци, соопштија од владината прес служба. Целта на оваа предложена законска измена е да се обезбедат услови за спроведување на Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. …

Ќе се менува Законот за заштита на сведоци Read More »

Владата го усвои зголемувањето на акцизата за нафтата


Владата на седница го усвои Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за акцизите со кој се предлага зголемување на висината на акцизата на дизел горивото кое се користи како погонско гориво и на екстра лесното масло за домаќинство што се користи како гориво за греење, за три денари. Како што претходно беше соопштено, …

Владата го усвои зголемувањето на акцизата за нафтата Read More »

Анекс кон договорот за државна помош со „Џонсон Контролс“ на владина седница


Владата денеска во 15:00 часот ќе се одржи 38-мата седница. На Седницата, како што информираат од владината прес-служба ќе се  разгледува состојбата и напредокот во процесот на европската интеграција, користењето и имплементацијата на фондовите на ЕУ, статусот на реализација на приоритетите за влез во НАТО. На дневен ред на денешната седница ќе се најде и …

Анекс кон договорот за државна помош со „Џонсон Контролс“ на владина седница Read More »