Тачи потврди дека излегува од Европскиот фронт, но го гледа како победник ДУИ
Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, во дебата на телевизијата Клан, потврди дека повеќе не е дел од Европскиот фронт.
„Сто дена се прекратко за правилно да се анализира работата на една влада. Причината зошто останав во Европски форнт е за да не ги пропуштам 100-те дена влада. Но, ете сега со ДПА повеќе нема да бидеме дел од Европскиот фронт“, рече Тачи.
Иако Мендух Тачи го напушти опозицискиот фронт, неговите доскорешни партнери немаат потврда дека тој ќе делува надвор од пратеничката група. Тој рече дека ДУИ го поразила ВЛЕН во секоја смисла и нема сомнеж дека таа е политичка сила во земјата.
„ДУИ има бројки, има пратеници. ДУИ го победи ВЛЕН по бројност, по пратеници, по се. Но, не сакам да навлегувам во овие прашања бидејќи тие ќе мислат дека јас се занимавам со нив. Никој не може да ме убеди дека ВЛЕН е појак од ДУИ, никој. ДУИ може дури и да наметне некакво дејство за уставните амандмани затоа што мислам дека имаат капацитет и можат да изберат форма“, рече Тачи.
Тој смета дека актуелната Влада добила силен удар кога ЕУ ја одвоила Македонија од Албанија на патот кон интеграција на земјата во ЕУ.
„Оваа влада имаше негативен однос кон евроинтегративните процеси, па постапките на претходната влада со потпишување мировни договори и про-ЕУ ги поттикна Македонците да гласаат за поранешниот националистички менталитет. Се покажаа против договорот од Преспа, против другите мировни договори, но сега видовме дека најсилниот удар за оваа Влада е одвојувањето на Албанија од Македонија на патот кон ЕУ“, рече Тачи.
Мендух Тачи беше кандидат за пратеник на „Европскиот фронт“ во Изборната единица 6. Со неговото заминување, коалицијата ќе падне на 17 пратеника во Собранието.
Од „Европскиот фронт“, предводен од Демократската унија за интеграција, одбегнуваат да ја коментираат информацијата дека Тачи ја напушта коалицијата.
Коментирајќи го излезот на ДПА и Мендух Тачи од Европскиот Фронт, лидерот на БЕСА Билал Касами рече дека тоа е почеток на распадот на тој фронт.Според него Европскиот фронт не беше формиран за да бидат опозиција туку за да се зајакне ДУИ им да им се помогне да останат на власт.
„Излегувањето на Тачи е само почеток на распадот“, рече Касами во гостување на ТВ21 во емисијата Клик Плус.