Муцунски во ОН се сретнал со министрите на Монголија, Кенија и Тринидад и Тобаго
Шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски, во интервју за МИА изјави дека за време на Генералното собрание на ОН во Њујорк, освен кусата средба со државниот секретар Марко Рубио, а потоа со врвните дипломати на Стејт департментот, имал и други средби. Тој наведе три:
„Имав можност да се сретнам со колегите од Кенија, една значајна и голема држава на територијата на Африка, да се сретнам со колешката од Монголија, да потпишам дипломатски односи со Тринидад и Тобаго на Карибите. Но нашето присуство е примарно фокусирано на поширокиот регион во кој што живееме“.
Муцунски вели дека во рамките на Генералното собрание повеќе пати на кратко се видел со министерката за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова-Чамова, но дека немале суштински разговори.
Тој рече дека во разговорите со Бугарија е потребно учество на ЕУ. „Дали тоа ќе значи вклученост на поединечни земји членки, дали ќе значи вклученост на европските институции, битно е да има минимум уште една страна во тој процес, што ќе помогне да почнеме да ја градиме довербата. Затоа што како што има нагласено повеќе пати претседателот на Владата во моментов меѓу нас и Бугарија фундаментално недостасува доверба“.